18.05.2022

Макар и во празна сала, МЗТ Скопје Аеродром го надигра Гостивар (85:72) и е на чекор до бројот 1 пред полуфиналето на плеј-офот

ПРВА ЛИГА МАЖИ-СУПЕРЛИГА 9.КОЛО: Првакот не попушта, помина и во Гостивар

Бранителот на шампионската титула стигна и до осмата, по ред, победа во Суперлигата. Имаше „олеснителни околности“ на гостувањето во Гостивар, поради празното гледалиште во салата „Младост“. Но кога требаше, кога се одлучуваше победникот, „сино-белите“ од Аеродром го потврдија својот квалитет.

ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          72:85

Иако имаше само неколку расположени играчи, домашниот тим беше рамноправен само во првото полувреме во кое водеше и (27:22), потоа и (33:28) пред контролата во играта и над резултатот да ја преземе актуелниот шампион.

Им појде тоа на „металците“ во финишот од втората четвртина кога по серијата од седум поени, поведоа со (48:41) што беше само најави за она што се случуваше во продолжение од дуелот во „Младост“ кој се играше без присуство на публика.

Третиот период почна со осум поени во низа на гостите за прва двоцифрена предност од (56:45), а нешто подоцна МЗТ Скопје ги достигна и највисоките +14 (63:49).

Гостивар не се предаде, во последните десет минути намали и на пет поени негатива (69:74), но недостасуваше сенергија за компелтен „камбек“.

Рикиќ и Војдан Стојановски со по 16 поени го предводеа тимот од Аеродром до осмата победа во серија.  

Кај Гостивар, Силаџи постигна дабл-дабл од 25 поени и 11 скока, Јанески додаде 18 поени, а Рансом уште 16. Но особено изостана помошта од клупата која комбинирано постигна три поени.

Освен публиката, гостиварци ги немаа ниту Тодоровиќ и Лефкоски, па за тоа ќе играат во плеј-офот ќе одлучуваат во последниот круг од Суперлигата, односно гостувањето кај ТФТ во скопско „Кале“.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ. 9.КОЛО

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     72:85

Феникс 2010 – ТФТ           58:76

19. МАЈ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (МРТ)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/7Jrw5b88v3Y

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 27-4, Пелистер 25-5 (-1), Гостивар 17-14, ТФТ 17-14, Еуро Никел 2005 17-13 (-1), Феникс 2010 14-17;