17.05.2022

Дуелот во „Јасмин“, ќе тргне многу дилеми околу конечниот изглед на табелата во Суперлигата

ПРВА ЛИГА МАЖИ-СУПЕРЛИГА 9.КОЛО/ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 8.КОЛО: Кавадарчани за позиција 3, битолчани за останување во трката за првата...

Само уште два првенствени круга се пред нас, две кола во кои ќе стане јасно кои четири екипи ќе играат во плеј-офот, а ќе има потврда која екипа покрај МЗТ Скопје Уни Банка, ќе се пресели во Втората лига.

Она што е извесно е дека МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе бидат на првите две позиции пред плеј-офот, три екипи, Еуро Никел 2005, Гостивар и ТФТ се борат за другите две места во доигрувањето, и дека Феникс 2010 е без шанси да стигне во првата „четворка“.

Но останува непознато како ќе бидат распределени позициите за плеј-офот.

МЗТ Скопје (26-4), има голема предност, и со победа во утрешното гостување во Гостивар (19.часот) и празната сала „Младост“, ќе ја задржи бодовната предност пред Пелистер (25-5), во пресрет на гостувањето во Битола во она последното.

Битолчани пак се со императив пред новото гостување, во Кавадарци. Во „Јасмин“ мора да бркаат победа против Еуро Никел 2005, доколку сакаат да ги сочуваат шансите за најдобра стартна позиција. Но за тоа ќе мора да бидат подобри и од кавадарчани, но и од актуелниот бранител на титулата – МЗТ Скопје Аеродром.

Еуро Никел 2005 (актуелен скор, 17-13), има свои математики во однос на конечниот пласман. По серијата на порази, стигна гостинската победа над ТФТ во Скопје, која треба да е дополнителен мотив во дуелот против ослабениот Пелистер.

Својата шанса за место во првите четири чека и ТФТ (16-14), но предуслов за тоа ќе биде триумф во вечерашниот дуел со Феникс 2010 (14-16), закажан за 20.часот во големата сала на СЦ „Јане Сандански“.

Особено што во последниот круг од Суперлигата на свој терен момците од Тафталиџе играат против Гостивар, кој многу извесно, може да го даде и одговорот на главното прашање, која ќе биде „четворката“ која ќе одлучува за титулата.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – ДВОЈКИ. 9.КОЛО

17.МАЈ (ВТОРНИК):

20.00: Феникс 2010 – ТФТ

Голема сала  на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/2fqPCUPqC60

18.МАЈ (СРЕДА):

19.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/uIATN5A0fWc

19. МАЈ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (МРТ)

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

https://youtu.be/7Jrw5b88v3Y

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 8.КОЛО

18. МАЈ (СРЕДА):

14.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Кожув

Мала сала на СЦ „Јaне Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/aFARNxDF748

16.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/DCkY4jhQp0s

19.30: Работнички – Ангели

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/GG8corBY48w