01.04.2023

На отварањето на 20. коло „црно-белите“ славеа против „фенерџијата“ во Првата лига (92:82)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ без проблеми ја помина Струмица

Екипата од Тафталиџе ја продолжи низата на победи на три по ред... за да се заврши на третото место на табелата

Гостите имаа подобро отварање на натпреварот, но нивното водство (8:2) траеше само три минути по што фаворитската улогја ја потврдија домаќините за 14. победа во сезоната.

ТФТ MOZZART – СТРУМИЦА 2022          92:82

Гостите од Струмица почнаа подобро, имаа и водство од шест поени. Но откако „црно-белите“ ги намалија грешките во нападот, и почнаа да погодуваат од далечина, се вратија и во натпреварот и поведоа со (23:19)

ТФТ продолжи да го диктира темпото и во продолжението од натпреварот, веќе во втората четвртина стигна до двоцифрена предност (56:41) на полувремето,.

Тука не застанаа домашните кошаркари, кои задачата си ја завршија во третата четвртина. Онаа во која во еден момент имаа до највисоки (76:47).

Со двоен скор од 16. поени и 14. асистенции лидер на фаворитската екипа беше Александар Костоски, додека 15. поени додаде Лаклан Андерсон.

Почетната петорка на Струмица 2022 исто така беше двоцифрена. Се истакна Крстајиќ со 21. поен, десет скока и седум асистенции, додека 20. поени додаде Обуквелу.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20. КОЛО

ТФТ Mozzart – Струмица 2022 92:82

17.00: Работнички – Чаир 2030

Сала во СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VqJR6kMUM7o?feature=share

19.30: Гостивар – Еуро Никел 2005

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5rC0qUZvw-g?feature=share

20.30: Пелистер – Феникс 2010

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iXbdGnHN5no?feature=share

3.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.30: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Rpx4SHY96Rk?feature=share

4.АПРИЛ (ВТОРНИК)

18.00: Навико Академија ФМП – Куманово 2009

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zPEshf08DZU?feature=share