Мошне возбудлива ќе биде трката за првите позиции на табелата во Првата лига по ова некомплетно 14 коло. Ја направија победите, и тоа убедиви на ТФТ во дуелот против директниот конкурент за 3. место на табелата, екипата на Гостивар, како и очекуваниот триумф на Еуро Никел 2005 во дуелот со новакот во прволигашката конкуренција – Чаир 2030.
Поблиску до осматата позиција, односно до плеј-офот е и Кожув, кој без особени проблеми го совлада Куманово 2009.
ТФТ – ГОСТИВАР 91:77
По нерешените (17:17), кошаркарите на ТФТ направија мини серија од (5-1) доволна да дојдат до водство (22:18) на крајот на првата четвртина. Дополнителен импулс за „црно-белите“ да продолжат уште поефикасно, и веќе по три минути од втората четвртина да се одвојат на сосема солидни (30:21). Но не се задоволија со тоа водство, „црно-белите“ пиристинаа уште повеќе во нападот. По тројката на Костоски стигнаа и до (43:29), а имаа и (48:36). А по 20.минути и (52:37).
Таквиот однос на силите остана до почетокот на второто полувреме, а потоа домашниот тим постепено почна да ја зголемува разликата, до највисоките (78:53), како што беше резучлтатот во првата минута од последната четвртина.
Ташовски со 17 поени беше прв стрелец кај ТФТ Моцарт, Бишоп додаде 16, а Костоски 14.
Кај Гостивар, Пипкинс и Корсантија постигнаа по 13 поени со тоа што Грузиецот дојде до дабл-дабл скор отккао додаде уште 13 скока.
Двете екипи се израмнети на табелата (ефект 9-5), колку што има и Еуро Никел, а утре може да им се приклучи и Феникс 2010 ако ја совлада Струмица 2022.
КОЖУВ – КУМАНОВО 2009 94:76
Висока позитива за кратко време реализираа кошаркарите на Кожув, во воведните минути од средбата поведоа со 15 поени (27:12). А уште во првата четвртина комплетната петорка се запиша во листата на стрелците. А погодуваа и Јузбашиќ и Стојановски кои добија шанса од клупата.
По десет минути, екипата од Гевгелија имаше уште повисоки (29:12). И играше многу порелаксирано во продолжението во кое преку Гордон и Братож, доста рутинерски ја одржуваше високата позитива. По 16 поен на најдобриот стрелец во лигата, Кожув имаше и водство од (50:29), на влезот од последната минута од првото полувреме кое заврши со (53:34).
На стартот од третата четвртина Коѓув стигна и до највисоки +27 (63:37), па остатокот од мечот остана само како формалност.
Мајрон Гордон уште еднаш ги демонстрира своите квалитети, постигна 31 поен (имаше и 13 асистенции), двоен ефект имаше и Ризвиќ со 20 поени и 11 скока. Најефикасен кај Куманово 2009 беше Кервин Смит, стрелец на 20 поени.
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ЧАИР 2030 80:66
Одличен почеток имаа кавадарчани во дуелот со новакот во Првата лига. По нешто повеќе од осум минути, имаа двоцифрен плус од десет поени (21:11), кој го креираше расположениот Гавриловиќ кој во тој дел од играта веќе забележа 11.поени, повеќе од половината за Еуро Никел 2005.
Веќе на стартот на вториот период беше (31:16) за нешто подоцна Чаир 2030 да се приближи на само шест поени негатива (30:36). Сепак, тоа кратко траеше, Еуро Никел 2005 брзо ја врати доминацијата. На средината од третиот период кавадарчани се овоија на плус од 18.поени, и потоа мирно го приведоа мечот кон крајот.
Гавриловиќ заврши со 17 поени и беше најефикасен во екипата-домаќин, а Планиниќ оствари дабл-дабл, беше изразен со 10 поени и 12 скока. Кај Чаир 2030, Френклин заврши со 19 поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 14. КОЛО
Кожув – Куманово 2009 94:76
Еуро Никел 2005 – Чаир 2030 80:66
ТФТ – Гостивар 91:77
5.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА):
18.30: Пелистер – Навико Академија ФМП
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tDoBVjf8NDs?feature=share
20.00: Феникс 2010 – Струмица 2022
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4BvJBn3O-TU?feature=share
6.ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (МРТ3)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5B4BxMll3ps?feature=share