17.11.2022

Поради обврските во АБА 2 лигата, нашите претставници некој ден порано на теренот...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ и Пелистер со првенствена „увертира“ за „балонот“ во Сараево

Уште еднаш во овој воведен дел од сезоната, екипите на ТФТ и на Пелистер своите првенствени натпревари ќе ги одиграат некој ден порано од планираното.

Така ќе биде и случајот во 6. коло од Првата лига, поради нивните обврски во АБА 2 лигата.

Имено, вториот турнир од АБА 2 лигата оваа сезона ќе се одржи во Сараево,  во периодот од 21. до 27. ноември.

За разлика од првиот, кој се играше на Златибор минатиот месец, сега на програмата ќе бидат три кола, па затоа и „балонот“ ќе трае два дена повеќе. Тоа значи понапорна и подолга програма за македонските претставници ТФТ и Пелистер.

Натпреварите ќе се играат во салата „Горан Ченгиќ“ во населбата Грбавица во Сараево.

ТФТ игра на 21 ноември против бранителот на титулата Златибор, на 23. ноември против Крка, и на 25. ноември со екипата на Слога од Краљево.

Пелистер почнува со Широки на 23. ноември, два дена подоцна се среќава со Осијек, а затвора на 27. ноември со Горица.

Шестиот круг ќе го отвори дуелот во СРЦ „Кале“ , каде вечерва од 18.часот, ТФТ ќе го пречека гевгелиски Кожув, а половина час подоцна, во Битола, Пелистер е домаќин на новиот прволигаш Чаир 2030.

Три натпревари од ова коло ќе се одиграат во сабота...

Прво, од 12.30 часот, Феникс 2010 го пречкува Еуро Никел 2005, а „двојната програма“ во СРЦ „Кале“ ќе биде заокружена со дуелот Работнички-Навико Академија ФМП, кој стартува од 17.часот.

Два часа подоцна (19.00), но во салата „Младост“ во Гостивар, лидерот на табелата по пет одиграни кола, екипата на Гостивар ја дочекува Струмица 2022.

Нешто подоцна, исто така поради обврските во АБА лигата, својот натпревар од ова коло ќе го одиграат и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродорм. На 22. ноември (вторник) од 18.шасот, аеродромци ќе играат против Куманово 2009.   

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 6. КОЛО

17.НОЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):

18.00: ТФТ – Кожув

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/0PGEEkoWsZo

18.30: Пелистер – Чаир 2030

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://youtu.be/C7CFQ7queNk

19.НОЕМВРИ (САБОТА):

12.30: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/0JzGhjIO5EY

17.00: Работнички – Навико Академија ФМП

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/oUHxdvXBos0

19.00: Гостивар – Струмица 2022

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/-cs_SIFwnug

22.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром -  Куманово 2009

Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/AJi8sxkun28