29.10.2022

ТФТ имаше одлично прво полувреме во кое дојде до плус 21, а потоа и до сигурна победа против Еуро Никел 2005 (90:78)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ му се врати на победувањето

Кошаркарите на ТФТ се вратија на својата препознатлива игра која ги красеше во минатата сезона. Едноставно, и пред се, ефикасно во нападот, и се наградија со едне висок,  

ТФТ – ЕУРО НИКЕЛ 2005 90:78

На средината на втората четвртина ТФТ имаше двоцифрен плус, и тоа од 12. поени (40:28), период од играта во кој одлично функционираше двоецот Костоски-Андерсон, искомбинираа 20 поени, а Австралиецот имаше беспрекорни 3/3 од линијата за три поени.

Тоа всушност беше добро продолжение на ефикасната игра која двете екипи ја стартуваа во оние уводни десет минути кои исто така беа со мала предност на домашната страна (28:23).

На другата страна од теренот, одлична реализација имаше Николовски. Искусниот крилен центар уфрли 11.поени за тие 15.минути од дуелот во СРЦ „Кале“. Имаше поддршка од уште еден исусен кошаркар, Соколов постигна осум поени дотогаш), но не и од другиот дел од екипата од Кавадарци. Особено тоа се однесува за оној резервен дел (без поени во таа фаза од натпреварот).

А вистинско изненадување за одбраната на Еуро Никел 2005 беше Ѓорѓи Зафиров. Младиот кошаркар на ТФТ имаше беспрекорно прво полувреме. Веројатно и најдоброто во неговата кариера, затоа што ги погоди сите обиди од поле (3/3 за три и 1/1 за два поени), за 12.поени (и три скока), и уште поголемо водство од (56:35) за тимот од Тафталиџе пред големата пауза.

Со десет погодени тројки (од 17 обиди) наспроти скромните (1/9) на кавадарчани во тие 20.минути. И тројца „двоцифрени“ кошаркари. Освен Андресон и Зафиров, тука беше и „неизбежниот“ Костоски.

Иако гостите тргнаа со серија од пет поени во третиот дел од играта, промени во играта практично и немаше. Домашната екипа најде одговор(и) за сите обиди на Еуро Никел 2005.

Сличен беше скорот и по истекот на третата четвртина (72:53). А без сериозни промени во резултатот протекнаа и псоледните десет минути. Кавадарчани се обидуваа разликата да ја сведат на едноцифрена, но без особен успех.

Втора победа за ТФТ, и втор пораз за Еуро Никел 2005, израмнет скор (2-2) по четири одиграни мечеви од новата сезона имаат двата вечерашни ривали.

 ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 4. КОЛО

ТФТ – Еуро Никел 2005  90:78

Феникс 2010 – Куманово 2009            89:66

Гостивар – Работнички   (во тек)

30.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.00: Кожув – Чаир 2030

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/iEvZqSqkhhM

18.30: Пелистер – Струмица 2022

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://youtu.be/9G3hJLc_iig

31.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром - Навико Академија ФМП

СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/KrIQAexs_e8