Со доста осцилации во играта го одиграа натпреварот во СРЦ „Кале“ и двете екипи.
ТФТ МОЦАРТ – КОЖУВ 81:70
Домашната екипа беше подобра во првата и во третата четвртина. По истекот на десет минути, ТФТ Моцарт водеше со (22:13), но Кожув беше подобар во втората, во која дојде до негатива од само три поени на полувремето (40:43).
По одморот, уште еднаш „црно-белите“ беа тие кои остварија доминација во играта, што резултираше со ново резултатско одвојување, сега и на двоцифрени (68:56)
А по втор пат на оваа средба, гевгеличани беа подобри, барем на почетокот на последната четвртина. Со серијата од (9-2), се доближија на достижни -5 (65:70). И имаа „половина четвртина“ за да направат и целосен пресврт.
Но наместо тие, ТФТ Моцарт беше екипата која „повлече“ кога беше најпотребно за да се дојде до успех. За нешто повеќе од две минути, си серија од (8-0) домашната екипа дојде во „мирни води“, имаше (78:65) А малку време остана за кошаркарите на Кожув да се обидат уште еднаш, да дојдат до прилика за целосен пресврт.
Намалија на (70:78), не нема сили за нешто повеќе на ова гостување.
Четири од петте стартери во ростерот на тренерот Боро Смилковски (исклучок Верц), стигнаа до десет или повеќе поени. Најмногу, 21 даде Ташовски, Калхун постигна 15, Хаутон имаше 13, додека па повременито репрезентативец николов, освен 11.поени, во статистиката допиша и 13.скока и три асистенции.
А во составот на Кожув, Артисон реализира 19, а Хукиќ уште 11.поени.