14.03.2023

Кожув имаше постојано водство, и беше подобар противник, на крајот стигна до сигурна победа (82:72).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ „падна“ и во Гевгелија

Кошаркарите на ТФТ ја продолжија серијата на неуспешни игри. Не беа на висината на задачата и на гостувањето во Гевгелија. Едноставно, не можеа да се одбранат од нападите на најдобриот стрелец во елитното друштво, Мајрон Гордон, тоа се однесува на првото полувреме. но и на неговите одлични поентерски асистенти како Братож, Колев и Ризвиќ

КОЖУВ– ТФТ МОZZART  82:72

Минималната предност која ја имаше екипата на Кожув по истекот на првата четвртина (19:17), на почетокот на втората нагло порасна. По нешто повеќе од две минути од играта, екипата-домаќин со серија од 11 поени, поведе со највисоки (30:17). Следуваше една контра-серија од (11-4) за гостите од Скопје, по која намалија на (28:34).

Неверојатниот Мајрон Гордон, кој реализираше 21 поен (7/8 во шутот за два поени), го врати Кожув на солидно водство од (38:30), а нешто потоа и на  повисоки (40:31).

По одморот, екипата од Скопје успеа дури и да поведе. Со серијата од (17-7), на средина од третата четвртина имаа минимални (48:47).

Но се чини дека тоа беше и се од ТФТ на средбата во салата „26.април“. До крајот на овој дел од играта, Кожув ја врати предноста, иако не висока (62:56).

А што е поважно за тимот кој го предводен Александар Јончевски, се разиграа и други играчи освен Гордон. Одлично му асистираа и Братож, и Колев и Ризвиќ. И повеќе од доволно да се стигне до уште една победа. За Кожув осма во 17 одиграни мечеви и приклучок со седмопласираниот Работнички кој е на ефект (9-8).

Гордон застана на бројката од 32 реализации, Братож имаше 15, Колев 14, а Ризвиќ додаде уште десет.

Во ТФТ, Мекбраер даде 15, Батрик 14, а Костоски уште 13.поени. Недоволно за да стават прекин на серијата на порази која ја отворија на последниот „балон“ во АБА 2 лигата во Широки Бријег во тѕекто на минатата седмица.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 17. КОЛО

Кожув – ТФТ Мozzart      82:72

Еуро Никел 2005 – Феникс 2010         78:69

Навико Академија ФМП – Работнички        77:90

Струмица 2022 – Гостивар        72:79

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром  (во тек)

15. МАРТ (СРЕДА):

18.00: Чаир 2030 - Пелистер

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8Oh0GzE19Lw?feature=share

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30 (-1), Пелистер 29 (-1), Еуро Никел 2005 28, Гостивар 28, ТФТ Mozzart 28, Феникс 2010 27, Работнички 26, Кожув 24, Куманово 2009 20 (-1), Чаир 2030 19 (-1), Навико Академија ФМП 20, Струмица 2022 19;