31.01.2023

Во десет минути, ТФТ имаше (33:8), гостите од Чаир се вратија, но не го издржаа последниот притисок (87:75)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ почна силно, и заврши во ист стил - тројкашки, премногу за Чаир 2030

Убедлив старт имаше ТФТ на дуелот во „Кале“. Во десет минути направија големи 25.поени предност. Но тоа не ги поколеба гостите од Чаир, кои „симнаа“ добар дел од негативата уште во првото полувреме. 

ТФТ – ЧАИР 2030  87:75

Одлична прва четвртина одиграа домашните кошаркари. Како играа момците на тренерот Боро Смилковски се чинеше дека тие се тимот кој имал одмор во изминатите десетина дена, а не нивниот противник – Чаир 2030.

Погодуваа од сите позиции кошаркарите на ТФТ, особено оние кои носат најмногу поени, по три. Погодија дури осум тројки „црно-белите“ во тој уводен дел од натпреварот (од само 11 обиди). Па не беше воопшто чудно што уште во тие десет минути се стекнаа со огромна предност. имаа (33:8), што го натера нивниот тренер да ротира повеќе од планираното.

Се покажа како делумно погрешен избор, затоа што резервната единица во која ги немаше расположените Батрик (даде 16 поени во првата четвртина), Бишоп, па  и Костоски макар во улога на асистент а не поентер, му даде шанса на противникот да се врати назад во мечот.

Во шест минути игра, гостите од Чаир направија убава серија од (21-6), со која дојдоа на прифатливи (29:39), и го натераа Смилковски да врати дел од стартерите. А овие многу брзо, за нешто повеќе од две минути, ја вратија ситуацијата „под контрола“. Ја вратија предноста на 19 поени (50:31), за полувремето да биде затворено со нешто пониски (55:39).

Период од играта во кој Батрик веќе имаше 21.поен, а беше следен од Бишоп кој запиша уште 12 за ТФТ. Во отсуство на Мохамед, Френклин се издвои како прв поентер, со 12 реализации за тие 20.минути.

Чаир 2030 беше подобра екипа и во првиот дел од третиот период, кога успеаа да намалат на едноцифрени (54:62). Почнаа да погодуваат (за три поени) и Тачи и Чучковиќ, кои и му дадоа поентерска поддршка на Френклин, преку потребна за чаирчани во обидот комплетно да се вратат во игра.  

На истекот на четвртината „се спуштија“ и на тоа како достижни, (62:69).

Последната четвртина, барем првиот дел, беше и најнеефикасната. Во пет минути, двете екипи дадоа по пет поени (67:74), по што следуваше расплетот. Го имаа момците во црна комбинација на дресови. Во вистинско време продолжија да даваат тројки, со кои го скршија отпорот на борбените чаирчани, кои едноставно не успеаја да се одбранат од оние 18 прецизни удари од зад линијата од 6.75 метри.

Батрик заврши како најефикасен со 25.поени,  шутерски расположен беше Бишоп, а одлично второ полувреме имаше Ташовски кое го заокружи со 15.поени.

Френклин заврши со 30.поени за Чаир 2030, Чучковиќ и Рушити дадоа по 12, а Тачи еден поен помалку.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 13. КОЛО

ТФТ – Чаир 2030     87:75

1.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

17.00: Работнички – Пелистер

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/EQ9-344RxUI

ПРЕТХОДНО ОДИГРАНО:

Куманово 2009 – Еуро Никел 2005    63:72

Струмица 2022 – Кожув 53:104

Навико Академија ФМП – Феникс 2010      76:96

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром     88:69

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 24, Гостивар 22, Пелистер 21 (-1), ТФТ 21, Феникс 2010 21, Еуро Никел 2005 21, Работнички 19 (-1), Кожув 18, Куманово 2009 16, Чаир 2030 16, Навико Академија ФМП 16, Струмица 2022 15;