Енергијата која ја презентираа во текот на минатата седмица, кошаркарите на ТФТ ја префрлија и на домашен терен. Во последниот натпревар во календарската 2022 година беа подобри од Куманово 2009
КУМАНОВО 2009 – ТФТ 71:82
Работата во многу им беше олеснета со преполовениот ростер со кој излегоа на терен домашните кошаркари. Без американските засилувања, со само еда петорка во која влезе и најмладиот Димитриевски, кумановци тешко можеа да се одбранат од нападите на мотивираните кошаркари на ТФТ.
Видно мотивирани по двата успешни настапи во изманатите седум дена на турнирот од АБА 2 лигата, скопските „црно-бели“ уште во првиот период од играта се стекнаа со високо водство. Поведоа со (29:16), разлика која падна во вториот дел од играта, но само за три поени (39:49), а беше стандардна и по паузата од 15.минути. Решавачкиот удар ТФТ го зададе во последниот период, во кој се стекна со уште повисоки (80:63). Доволни за седма победа во 11. одиграни мечеви, и делба на позицијата број 4 (заедно со Работнички) пред почетокот на зимската пауза.
Куманово останува со огромни проблеми, се чини дека овој зимски распуст ќе биде добредојден за нив, пред се, да се преструктуираат, и да се обидат да се подигнат од позицијата во долниот дел од прволигашката табела (скор 3-8).
Николов реализираше 15 поени, Батрик 14, Ташовски 13, а Мекбраер уште 11 за победничката екипа. Слична распределба на поените и кај Куманово 2009, Глигоријевиќ беше стрелец на 18.поени, Зивчевиќ даде 16, Јанески 15, а Нацевски уште 11.поени.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11.КОЛО
Куманово 2009 – ТФТ 71:82
20.00: Феникс 2010 – Гостивар
Чаир 2030 – Струмица 2022 97:92
Кожув – Работнички 85:110
Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП 92:63
27.ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)
17.00: Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Боро Чурлевски“ - Битола
ЛИНК: https://youtu.be/CrNxqnnWZHo
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19 (-1), ТФТ 18, Гостивар 18 (-1), Пелистер 18 (-1), Работнички 18, Еуро Никел 2005 17, Феникс 2010 15 (-1), Кожув 14, Чаир 2030 14, Навико Академија ФМП 14, Куманово 2009 13, Струмица 2022 13, ;