02.12.2023

Славеа „црно-белите“ со убедливи (93:75)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ сигурен против охриѓани

Во првиот натпревар од 10.коло, екипата од Тафталиџе одигра сконцентрирано и доволно добро за да биде подобра од онаа од Охрид...

ТФТ МОЦАРТ – ОХРИД   93:75

Од самиот почеток на дуелот во СРЦ „Кале“ домашниот тим најави дека не размислува ништо друго освен два бода од овој натпревар против последнопласираната екипа на табелата. Уште во првите десет минути од играта „црно-белите“ стекнаа двоцифрена позитива (29:15), која до полувремето ја зголемија.

Дојдоа до веќе недостижни (54:33).

Најизедначен период од играта беше оној третиот во кој двете екипи поделија по 22.поени, а за гостите од Охрид утешен е податокот дека беа подобри во последниот, кој го добија со (20:17), но само колку да „симнат“ дел од и онака високата негатива.

Одлични минути одигра Зафиров, кој со 19 поени беше и најефикасен играч на ТФТ Моцарт, екипата во која по 15 поени постигнаа Николов и Верц.

Кај Охрид, „дабл-дабл“ ефент на новакот Лајонс (18. поени и 11. скока) но и пет асистенции. Волканоски дополни со 14. реализации, Столески имаше 11, а Бернард уште десет поени.

Со шест победи ТФТ Моцрт, макар и привремено, се израмни на втората позиција на табелата со Работнички, Еуро Никел 2005, Пелистер и Чаир 2030 кои имаат и натпревар помалку. Охрид останува на последното место, со само една победа, сега и девет порази.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10.КОЛО

ТФТ Моцарт – Охрид      93:75

Навико Академија ФМП – Пелистер (во тек)

Кожув – Гостивар (во тек)

18.00: Работнички – Феникс 2010

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0V-tkZYOcG0?si=mX1XUTHzhC6J_31C

18.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3n4d6zdwkIE?si=JdODrtarophW5bLH

19.00: Чаир 2030 – Еуро Никел 2005 (МРТ3)

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3n4d6zdwkIE?si=zutptmPovdRhiwK8

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17, ТФТ Моцарт 16, Пелистер 15, Еуро Никел 2005 15, Работнички 15, Чаир 2030 15, , Феникс 2010 14, Гостивар 13, Вардар 12, Кожув 11, Навико Академија ФМП 11, Охрид 11;