24.01.2024

Уште во првото полувреме „црно-белите“ имаа плус од 20 поени, во второто, таа разлика ја претворија во сигурен триумф (90:62)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ сигурно против Навико Академија ФМП

Кошаркарите на ТФТ Моцарт за кратко време стигнаа до уште една победа во домашниот шампионат. Пред заминувањето за Нови Сад, каде ги чека нов турнир од АБА 2 лигата, лесно и убедливо, како гости во салата „Незавсна Македонија“,  го совладаа составот на Навико Академија фМП

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ТФТ МОЦАРТ            62:90

Доминантна игра прикажаа кошаркарите на ТФТ Моцарт во првото полувреме на гостувањето во Кисела Вода. Се стекнаа со повеќе од убедливо водство од 20.поени. Имаа (46:26) по 20.минути од играта „црно-белите“.

По одморот, гостите како да се задоволија со таа висока предност, заиграа малку и домашните кошаркари на овој меч. Но до истекот на третата четвртина анулираа само четири поени од високата негатива (48:64).

Уште еднаш, Калхун покажа дека ќе биде добро дополнение во ростерот на ТФТ Моцарт. Во тие три периоди собра 15. поени и 8.скока, следен од Хаутон кој веќе имаше дабл-дабл од 12.поени и 10-.скока.

На другата страна се обидуваше Нилд, кој пак беше на бројката од 20. реализации.

Серијата од (10-2) во воведните минути од последниот пеирод, го донесоа гостинскиот тим до најубедливото водство (74:50), за потврда плус на победата, за нив деветта во сезоната по 15.одиграни мечеви.

Навико Академија ФМП останува на бројката од само три успеси во исто толку одиграни мечеви.

Утре навечер, на истото место, но од 19.часот, на програмата е новото вечно дерби, дуелот помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. За прв пат во историјата на „вечните“ ќе играат еден натпревар во салата „Независна Македонија“ во скопската населба Кисела Вода. Поради зафатеност на двете сали во Спортскиот центар „Јане Сандански“, и секако, „близината“ на турнирот во Нови Сад (во текот на следната седмица) „металците“ беа принудени на една ваква солуција.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15.КОЛО

Навико Академија ФМП – ТФТ Моцарт        62:90

25. ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК)

19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (МРТ3)

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/q87nXlbC4Gs?si=OcO0scXy7TfSBSQy

26.ЈАНУАРИ (ПЕТОК)

18.00: Пелистер – Еуро Никел 2005

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2XSkMCjTmfA?si=9XRq6wAtw2ICQfNz

27. ЈАНУАРИ (САБОТА)

17.00: Вардар – Чаир 2030

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5-W_tveAWjI?si=gbXI2-XD9wIFF25o

17.00: Кожув – Феникс 2010

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/di39IGtod5s?si=gUNKPf35mo7oWx0t

18.00: Гостивар – Охрид

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8knW4qEaXLA?si=4SKZJqh2zvIh2WJS

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26, Еуро Никел 2005 25, Работнички 24, Пелистер 24, ТФТ Моцарт 24, Чаир 2030 23, Феникс 2010 22, Гостивар 18, Навико Академија ФМП 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17;