15.12.2022

Во „јадранското дерби“ во македонската кошарка, ТФТ подобар од битолските „зелено-бели“ со (95:90)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ стави крај на серијата од осум победи на Пелистер!

На отворањето на 10.коло од Првата лига, голема победа на ТФТ во дуелот на двете наши „јадрански“ екипи, нашите претставници во АБА 2 лигата. Во натпревар во кој екипата од Тафталиџе имаше постојано водство кое битолчани успеваа да го стигнуваа, но не и да го престигнат, домаќините најдоа решение да стават крај на победничата серија на „пелистерци“ која „траеше“ цели осум кола. 

ТФТ – ПЕЛИСТЕР              95:90

Доста израмнето се играше во првото полувреме. Единствената забележлива „аномалија“, во оној резултатски аспект, беше водство на ТФТ од осум поени (37:29) забележано во 14.минута од играта. Но во наредните четири минути од првото полувреме, „пелистерци“, макар и ослабени со неиграњето на еден од своите најдобри играчи, Хаџифејзовиќ, не само што го надополнија, туку и преминаа во водство. По серијата од (14-5), поведоа со минимални, (43:42).
Сепак, домаќините имаа подобра завршница на првиот дел. Во оние преостанати 120 секунди се вратија со нова серија на поени (седум), и на одмор заминаа со „вишок“ од  шест поени (49:43).

Сличен беше развокјот на настаните во СРЦ „Кале“ и во третата четвртина, со забелешка дека ТФТ го креираше своето највисоко водство. Беше двоцифрено (70:59) некаде на истекот на овој период од играта, во кој шутерски расположен беше Костоски (реализираше пет тројки).

Но по втор пат, Пелистер најде сили да се врати, т.е. да се доближи, со нова серија, сега од (10-4), на (69:74), во рок од само две минути.   

Сличен беше развојот на настаните во СРЦ „Кале“ и во третата четвртина, со забелешка дека ТФТ го креираше своето највисоко водство. Беше двоцифрено (70:59) некаде на истекот на овој период од играта, во кој шутерски расположен беше Костоски (реализираше пет тројки).

Но по втор пат, Пелистер најде сили да се врати, т.е. да се доближи, со нова серија, сега од (10-4), на (69:74), во рок од само две минути. Уште поблиску до егал резултат „зелено-белите“ беа и на 1:47 минути пред крајот, кога Карпентер поентираше за (84:87). Но не го погоди и дополнителното слободно фрлање за уште поголема неизвесност во дербито во кое се сретнаа двете наши екипи учесници во АБА 2 лигата.

Караџовски со нова тројка, ги оддржа као живи шансите на ко-лидерот на табелата, (87:90). Но на битолчани им недостасуваше време за комплетно враќање. Освен тоа, Мекбраер и Костоски беа мирни од линијата за слободни фрлаеа, и донесоа недостижни (94:87), на 37.секунди пред крајот.  

ТФТ погоди 12 тројки  (од 29 обиди), шест од нив Костоски, кој финишираше со 23.поени, Андерсон имаше 19, Мекбраер 17, а Николов уште 11.поени.

Кај Пелистер пак, одлично поентерско расположение на двоецот Карпентер (даде 30), и Мустафица кој изброја 28 поени, а имаше 11 скока, додека прв асистент со 12 успешни додавања беше репрезентативецот Стајиќ.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 10.КОЛО

ТФТ – ПЕЛИСТЕР              95:90

17.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: ГОСТИВАР – КОЖУВ

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://youtu.be/B2YX2oLd088

19.00: РАБОТНИЧКИ – ЕУРО НИКЕЛ 2005

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/34oAX4LDaBI

19.00: СТРУМИЦА 2022 – КУМАНОВО 2009

Сала „Парк“ - Струмица

ЛИНК: https://youtu.be/uHWZFXgyAPo

19.15: НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР 2030

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/hUIumVC-Lng

19.ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.00: МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/rpZwnuh5SDg