20.04.2022

Празничниот викенд носи доста интересни натпревари во двата дела од Првата лига

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ уште еднаш ќе ги предизвика „пелистерци“

Поради обврските кои ги имаше изминатата седмица во АБА 2 лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, второто коло во двете конкуренции, Суперлигата односно Плеј-аут лигата носи три термини за играње.

Во поквалитетната група која се бори за четири места во Плеј-офот, првиот од трите натпревари ќе се игра во четврток (18. часот) во Гостивар, каде двата ривали ќе се обидат да дојдат до првата суперлигашка победа со која би ги задржале шансите за место во првата „четворка“.

И двете екипи влегуваат во тој меч со порази во премиерниот круг, па ова ќе биде добра можност да впишат прв плус во втората фаза.

Два дена подоцна, во сабота, од 17.часот, за кратко време екипата на ТФТ ќе гостува во Битола, каде ги чека лидерот во првенството, Пелистер.

Пред две седмици, освојувачот на Купот беше мошне блиску до изненадување, но „зелено-белите“ имаа подобар финиш преку кој останаа на чекор пред МЗТ Скопје Аеродром.

„Аеродромци“ вечерва ќе го одиграат својот прв суперлигашки натпревар (против ТФТ), а веќе во понеделник ги чека нов натпревар, исто така на домашен терен. На гости им доаѓа се подобриот Еуро Никел 2005 кој се проби на третото место на табелата, со реални шанси да биде дел од доигрувањето за титулата.

Во Плеј-аут конкуренцијата МЗТ Скопје Уни Банка и Ангели ќе се обидат да изненадат во дуелите со Навико Академија ФМП (16.часот, сала „Независна Македонија“), односно Куманово 2009 (17.часот сала „Перо Наков“), додека утре вечер (17.часот, сала на СРЦ „Кале“), заверка на прволигашки статус ќе се обидат да направат екипите на Работнички и Кожув.

СУПЕРЛИГА - ДВОЈКИ 2. КОЛО

21. АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):

18.00: Гостивар – Феникс 2010

Сала „Младост“ – Гостивар

https://youtu.be/wUhvlPkaJJ4

23.АПРИЛ (САБОТА):

17.00: Пелистер – ТФТ

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

https://youtu.be/hF5Ze0DxTxk

25.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Еуро Никел 2005

Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

https://youtu.be/fPG2-gVCR-M

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА – ДВОЈКИ 2. КОЛО

20.АПРИЛ (ДЕНЕСКА):

16.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

https://youtu.be/JaAo9lQom6w

17.00: Куманово 2009 – Ангели

Сала „Перо Наков“ – Куманово

https://youtu.be/tPxoPSv6DLs

21.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):

17.00: Работнички – Кожув

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

https://youtu.be/NvWDRl-Kkqw