14.03.2024

Екипата од Тафталиџе го остави гостинот од Кавадарци на бројката од само 56.поени, што е реткост, доволно за победа број 13 (73:56)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: ТФТ знае да игра добро и дефанзивно, го стигна Еуро Никел на табелата

Во дуелот на две екипи од горната „половина“ на табелата, ТФТ Моцарт и Еуро Никел 2005, „црно-белите“ одиграа одлично, пред се во фазата на одбраната, на крајот беа наградени и со убедлива победа.

ТФТ МОЦАРТ – ЕУРО НИКЕЛ 2005      73:56

Апсолутно изедначено одиграа ТФТ Моцарт и Еуро Никел 2005 во првото полувреме. Или 20 минути во кои ниту една од двете екипи кои се стремат за висок пласман не успеаја да обезбедат и некоја посериозна предност.

За тоа сведочи и резултатот на полувремето, „половина кош“ во корист на кавадарчани (33.32).

Но од почетокот на второто полувреме, доминацијата во играта и над резултатот ја презема екипата-дамќин.

ТФТ направи двојно поголеми (24:12), доволно да се одвојат, и тоа двоцифрено, на (56:45). Со одлична поентерска роља на Николов (дојде до 12.реализации), и на Ташовски (имаше 11).

Поентирањето на Дубински во последниот напад, ги остави гостите на едноцифрена негатива (56:47).  

Мини-серијата од пет поени, во минута и пол од играта во последниот период, го донесе ТФТ Моцарт на највисоки (61:47).

Но и Еуро Никел 2005 „врати“ на идентичен начин, и се врати назад во игра за уште помала негатива, секако на уште помалку време за игра, повеќе од пет. Поентираа во серии двата тима во тој последен дел од натпреварот. Но константа беше водството на „црно-белите“.

Таа и остана до крајот на четвртината во која гостите од Кавадарци реализираа само уште четири поени. Така не се победува, не само против ТФТ, кој сега е на идентичен ефект како и Еуро Никел 2005.

Двете екипи се на скор од 13.победи и 7.порази.

Зафиров се стекна со титулата на најдобар стрелец во петорката на „двоцифрени“ во домашниот состав, макар што реализира само 13.поени. По 12 имаа Луис и Николов, еден помалку Ташовски, а десет дополни Хаутон.

Во онаа гостинската, Смит Мексвејн броеше до 19, но двоцифрено беше следен само уште од Врањеш, кој уфрли 11.поени.

Нешто подоцна, од 21 часот, во Чаир, во дерби дуелот на ова 20.коло, ќе играат екипите на Чаир 2030 и на МЗТ Скопје Аеродром.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20.КОЛО

ТФТ Моцарт – Еуро Никел 2005          73:56

20.30: Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром

16.МАРТ (САБОТА)

15.30: Навико Академија ФМП – Гостивар

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WoaqmpTGXoY?si=tUm6v-rnbBikAq00

18.00: Работнички – Кожув

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/9sj14lt0B1o?si=mCDGis-YEP-4qM5p

17.МАРТ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Охрид

Мала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/iA7MfuFo1g4?si=Uilbl5j3EsEpUDah

ПОРАНО ОДИГРАНО:

Вардар – Пелистер          74:86

ТАБЕЛА: Работнички 34 (-1), МЗТ Скопје Аеродром 34 (-1), Пелистер 34, Еуро Никел 2005 33, ТФТ Mоцарт 33, Чаир 2030 32 (-1), Феникс 2010 30 (-1), Гостивар 25 (-1), Кожув 24 (-1), Охрид 23 (-1), Академија ФМП 23 (-1), Вардар 23