Нова победа за „црвено-белите“... Вардар не им беше противник по мерка, а едно полувреме беше доволно за да се види кој е кој на средбата во СЦ „Кале“.
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 101:58
Многу работи на дуелот во СРЦ „Кале“ беа најавени уште по десетина минути од играта. Оние во кои домашната екипа многу брзо направи убедливи (28:9). Можност за тренерот на Работнички, Горан Самарџиев уште во раната фаза од мечот да им даде шанса на сите играчи кои влегоа во записникот.
Трајс делуваше непогрешливо во првото полувреме. Во 15.минута од играта веќе имаше 13.поени со беспрекорни (6/6) во обидите од поле, а Работнички имаше двојно повеќе дадени, отколку примени поени, (49:24). До крајот на полувремето домашната екипа изгради уште повисоки (53:25), за на истекот на 20 минута резултатот да биде (55:27).
Четири од петмината стартери на Работнички имаа двоцифрен ефект. Максималниот го оддржа Трајс, кој финишираше со 18.поени (2/2 за три и 6/6 за два поени), пет скока и четири асистенции. По 13 имаа Џелетовиќ и Декоузи, а десет додаде Рикиќ (плус и шест скока).
Во продолжението од играта, им се приклучија Стајиќ и Бакоч со по 11 реализации, додека Ефремовски имаше 10.
Во гостинскиот тим, Бајрам даде 12, а Митков уште 11.