06.11.2022

Костоски имаше шут за победа на ТФТ, но најтрофејниот македонски клуб дојде до прв триумф во сезоната (83:82)

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Трилерот во „Кале“ за Работнички

Тргна и Работнички, дури во петтото коло најтрофејниот македонски кошаркарски колектив дојде до првата победа во новата сезона.

Во драматичен меч во кој го има водството, во најголем дел, за малку ќе беа казнети...

РАБОТНИЧКИ – ТФТ         83:82

При резултат (83:81), еден од најискусните и најдобри играчи на ТФТ, Александар Костоски, имаше добра пролиак на својата екипа да и ддонесе егал, и веројатно продолжение од пет минути во супер возбудливиот меч во „Кале“.

Екс репрезентативецот го погоди првото слободно фрлање. Но не и второто по кое сепак „црно-белите“ ја освоија топката. Костоски доби уште една прилика, сега вредна три поени и победа. Но неговиот шут од корнер беше непрециен, топката ја прифати КРафорд, доволно да се одбранат од тој посленде напад, и Работнипки да дојде до „минималец“, и да успеаа во бидите со промени во играчкиот ростер да најде пат до успехот.

И во претхоните мибути, „црвено-белите“ беа многу поблску до победата. Но никако не успеваа да го направат оној завршне, победнички чекор. ТФТ се враќаше, во неколку наврати стигна на прагот на целосен пресврт.

И во тој последне обид практишно беа пресликани оние претходните.

И з аразлика од претходните игри кои ги загубија, на овј меч Димирар Мираковски го „доби“ и Пјер Џексон. Играч со кој димензијата на играта на Работнички е малку поинаква во однос на претходните.

Го потврди тоа Американецот и со реализација на 34.поени, со високи (14/21) во обидите од поле. Но ќе беа и малку без поддршката која дојде од Форте и неговиот дабл-дабл од 12.поени и дури 15.скока но и од Бакоч кој комплетираше 12.поени и 9. Скока.

Доволни за првиот успех во првенството...

ТФТ се постави во една ситуација псотојано да ја брка предноста на противникот. Најчесто и ја стигнуваа, но на крајот останаа пократки за тој еден поен кој ги чини пораз. За нив трет во уводната фаза од сезоната, макар што овој меч за нив беше и еден од оние најколективните. Затоа што дури шестмина кошаркари имаа барем десет реализации.

Тројца стартери, Андресон (15), Костоски 11 и Батрик (10) и тројца од резервната единица, Мекбраер 15, Николов 12, и Ташовски 11.поени.

За нивна жал, вечерва и тоа не беше доволно за победа.

Вечерва се игра уште еден натпревар...

Во тек е дуелот Куманово-Пелистер, додека средбата МЗТ Скопје Аеродром-Струмица 2022 ќе се игра на 15.ноември, по паузата поради настапите на нашата најдобра машка селекција во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 5. КОЛО

Работнички – ТФТ 83:82

Еуро Никел 2005 – Кожув          79:61

Чаир 2030 – Феникс 2010          78:97

Навико Академија ФМП – Гостивар  83:93

Куманово 2009 – Пелистер       (во тек)

15.НОЕМВРИ (ВТОРНИК):

18.00: Струмица 2022 – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Парк“ - Струмица

ТАБЕЛА: Гостивар 10, Феникс 2010 9, Еуро Никел 2005 8, МЗТ Скопје Аеродорм 7 (-1), Пелистер 7 (-1), ТФТ 7, Кожув 7, Чаир 2030 7, Навико Академија ФМП 6, Работнички 6, Струмица 5 (-1), Куманово 5 (-1)