Во дуелот помеѓу екипите на Кожув и на Охрид, практишно, се беше решено во првото полувреме. Она во кое гевгеличани иградија предност од неверојатни 30.поени (54:34).
Без победа, во некомплетното трето коло, сега се само уште екипите на Академија ФМП и битолски Пелистер...
КОЖУВ – ОХРИД 96:69
По осум минути игра во Гевгелија, кошаркарите на Кожув направија солидни (20:13), и го натераа гостинскиот тренер да го повика својот прв тајм-аут. Без особен ефект затоа што во преостанатите две минути, гевгеличани стигнаа и до двоцифрени (25:15), а Колин Слејтер веќе беше на 12 реализации.
Но тоа беше само најава за уште поефикасна игра на домашната екипа. Едноставно, охриѓани не беа противник по мерка на Кожув, барем не на вечерашниот натпревар во салата „26.април“ во Гевгелија..
До истекот на првото полувреме, екипата од Гевгелија веќе беше на „далечни“ плус 30 (54:24).
А освен Слејтер, противничкиот кош го полнеа и Кришнан и Артисон. Оваа тројка за 20.минути искомбинира 34.поени, многу повеќе од комплетниот тим на Охрид, во кој нешто, поентерски гледано, се обидуваа Бернард и Кимброу, кои заедно реализираа 17, од оние скромни 24 поени за 20.минути.
Ова трето коло ќе бие затворено со мечот во кој ќе играат нашите два клуба претставници во АБА 2 лигата, Пелистер и МЗТ Скопје. Закажан е за 18. октомври (среда), од 18.30 часот, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а ќе биде пренесуван и на програмата на МРТ3.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
Кожув – Охрид 96:69
Гостивар – Еуро Никел 2005 67:106
Вардар – ТФТ Моцарт 64:88
Чаир 2030 – Работнички 83:82
Академија ФМП – Феникс 2010 83:100
18.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ 3)
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/h6OT55mWXCU?si=gdXGXyMow2JbJeG_
ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 6, Работнички 5, ТФТ Моцарт 5, Чаир 2030 5, Вардар 5, МЗТ Скопје Аеродром 4 (-1), Феникс 2010 4, Гостивар 4, Кожув 4, Охрид 4, Академија ФМП 3, Пелистер 2 (-1);