01.12.2023

Кошаркарскиот „маратон“ во Скопје ќе го отворат ТФТ и Охрид, потоа Работнички-Феникс 2010, односно Вардар-МЗТ Скопје Аеродром.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Тројна саботна програма „Под Кале“

Извесно за прв пат од почетокот на оваа натпреварувачка сезона, сите натпревари во Првата лига-мажи ќе се играат во еден термин, оној саботниот.

Она што ова коло го прави специфично е што половина од нив – три, ќе се играат „Под Кале“.

Односно два од нив ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“, уште еден во онаа во која своите натпревари ги игра Вардар,

„Маратонот“ ќе стартува од 13.часот, а колото број 10 ќе го отворат екипите на ТФТ Моцарт (скор 5-4) и на Охрид (1-8).  

Малку подоцна, односно од 18 часот, на истото место ќе истрчаат екипите на Работнички и на Феникс 2010, а во исто време, педесетина метри подалеку, својот меч од оваа рунда ќе го одиграат екипите на Вардар (3-6) и на МЗТ Скопје Аеродром (8-1).

Ќе има уште кошарка во главниот град. Затоа што во 17.часот, во салата „Независна Македонија“, се подобриот Навико Академија ФМП (2-7) ќе го нагости битолски Пелистер (6-3).

Тука не е крајот на возбудвањата затоа што од 19.часот, во еден натпревар во кој се очекува доста неизвесност, во салата „Шабан Трстена“, ќе играат две екипи со идентичен ефект по девет одиграни натпревари. Чаир 2030 (ефект 6-3) е во улога на домаќин на Еуро Никел 2005.

Во сабота навечер, прволигашка кошарка ќе има и во Гевгелија, од 17. часот еден спроти друг на паркетот во салата „26.април“ ќе се појават екипите на Кожув (2-7) и на Гостивар (4-5).

 

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 10.КОЛО

2. ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

13.00: ТФТ Моцарт – Охрид

Сака на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/yHRh-WD20MY?si=vw5yKXmSUo_8qJsP

17.00: Навико Академија ФМП – Пелистер

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Sv-Idwpi6Bo?si=EqbabfPirU0RxJiO

17.00: Кожув – Гостивар

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5ommCZlfE7I?si=Ir9DhY7L7pvgQM66

18.00: Работнички – Феникс 2010

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/0V-tkZYOcG0?si=mX1XUTHzhC6J_31C

18.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3n4d6zdwkIE?si=JdODrtarophW5bLH

19.00: Чаир 2030 – Еуро Никел 2005 (МРТ3)

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3n4d6zdwkIE?si=zutptmPovdRhiwK8

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 17, Пелистер 15, Еуро Никел 2005 15, Работнички 15, Чаир 2030 15, ТФТ Моцарт 14, Феникс 2010 14, Гостивар 13, Вардар 12, Кожув 11, Навико Академија ФМП 11, Охрид 10;