20.10.2023

Во сабота, од 18.часот, во салата на СРЦ „Кале“, уште еден, 163 по ред, дуел на најтрофејните во македонската кошарка

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Уште една вечна дилема, кој е подобар, МЗТ Скопје или Работнички?

Овој викенд, резервиран е за одигрување на натпреварите од 4. првенствено коло, и за најголемото дерби кое се игра во македонската клупска кошарка. Во сабота, од 18.часот (директен пренос на МРТ 3), во СРЦ „Кале“, Работнички е домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.

„Црвено-белите“ во обид да стават крај на серијата на порази од вечниот ривал, кој ги доби сите дуели во ланскиот шампионат (два во регуларниот дел и два во плеј-офот) во кој и ја одбранија титулата.

И што е посбно важно за оној дел кој се нарекува традиција, уште повеќе го намалија вкупниот скор во меѓусебните дуели. Пред овој, 163. по ред, првенствен дуел, Работнички води со (91:71).

Интересно, овој меч и двете екипи го дочекуваат во не баш идеално расположение, особено ако се земе в предвид дека во минатото коло ги запишаа и првите порази во новата сезона. Работнички загуби на гостувањето во Чаир, а МЗТ Скопје на она во Битола, каде подобар од нив беше Пелистер.

Но, извесно, и во некомплетни ростери, ако се знае дека домаќините не можат да сметаат на услугите на повредениот Ѓорѓе Џелетовиќ (прогнозите се дека ќе паузира повеќе од еден месец), додека пак гостите под сериозен знак на прашалник е настапот на Бојан Крстевски. Репрезентативното крило заработи дисторзија на скочниот зглоб на дуелот со Пелистер, и е крајно неизвесно кога ќе се врати на теренот.

Во саботниот термин освен овој, ќе се одиграат уште четири натпревари. Уште еден од нив на истото место, во СРЦ „Кале“, но во еден „ран“ термин, 12.30 часот, ТФТ Моцарт е домаќин на Академија ФМП, единствената која во првите три кола е без победа. Но со неколку нови, странски играчи во ростерот, ќе се обиде да го изненади составот од Тафталиџе.

Во главниот град ќе се играат уште два натпревари од овој круг...

Од 19.часот, уште една локална пресметка. Во салата „Шабан Трстена“, Чаир 2030 е домаќин на Вардар, додека еден час подоцна, во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, екипата на Феникс 2010 го пречекува Кожув.

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 засега (од) играа беспрекорно. Зад нив се три победи во три натпревари. а во ова 4. коло, на свој терен, во салата „Јасмин“ (од 18.часот), за противник ќе го имаат силно засилениот состав на Пелистер, кој своите амибиции ги потврди пред неколку дена, со победа над бранителот на шампионскиот пехар. 

Едeн натпревар е закажан за недела, а ќе се игра во Охрид. Од 18.30 часот, во салата „Билјанини извори“ ќе играат Охрид и Гостивар, во обид да дојдат до втор првенствен триумф на почетокот на новиот шампионат.  

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 4. КОЛО

21.ОКТОМВРИ (САБОТА)

12.30: ТФТ Моцарт – Академија ФМП

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/jKVT5N0bfbs?si=A5w_CiFJ2XmB6Bbu

18.00: Работнички – МЗТ Скопје (МРТ 3)

Сала СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/EX7dL2dvNZs?si=f4dhqrtfofIxiZz0

18.00: Еуро Никел 2005 – Пелистер

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Hu0DIOPYESg?si=VCjsy8L31M9AT7NQ

19.00: Чаир 2030 – Вардар

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/oa5CIGYo2IE?si=vGHZKgbIjvb1cgyF

20.00: Феникс 2010 – Кожув

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/nme2NkTjtlM?si=3uQO5PKWQjg42xZc

22. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.30: Охрид – Гостивар

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zA6wRVDFPmY?si=ESiKEq9r5sSLNEik