09.10.2023

„Вардарци“ направија пресврт, победија (80:71), и стигнаа до вториот успех во првенството

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Вардар го изненади Феникс 2010 во „Јане Сандански“

Феникс 2010 уште еднаш покажа дека не е екипата од некои претходни сезони. По поразот во Чаир, па и оние два во Европа, подобри од Нив беа и кошаркарите на Вардар...

ФЕНИКС 2010 – ВАРДАР 71:80

Феникс 2010 сеуште не може да го пронајде својот идентитет, пред се оној играчкиот, кој го красеше во изминатите сезони, не само оние прволигашките.

Доказ плус стигна и во дуелот со Вардар во кој, тимот кој го предводи Денис Дервишевиќ, беше на нивото на задачата само во првата четвртина. Онаа во која делуваше доста сигурно, а имаше и такво водство (18:12).

Од почетокот на втората, се беше, се премина во знакот на Вардар. До крајот на полувремето, „вардарци“ успеаја да израмнат (32:32).

Третата четвртина ја искористија да поведат, да обезбедат сосоема солидна предност (55:50), а последната, да го потврдат големото изненадување – да го победат тимот кој пред извесно време, ја претставуваше Македонија во Европа.

Апсолутно заслужено, за што говори и оној статистички дел, во кој Вардар имаше четворица „двоцифрени“ играчи. Ги предводеше Хусеин Бајрам, кој броеше до 28. поени, но освен петте тројки, имаше и исто толку скокови и три додавања. Одличен, со 19 поени беше и Митков, Луканоски ги испрати со 11, а Атанасов со 10.поени.

Во играта на Феникс 2010, се некако се вртеше околу двоецот Трајковски (22.поени) и Рис (двоен ефект од 27.поени и 15.скока), на кои им се приклучи само уште Дениел кој на десет поени додаде и десет скока.ж

Премалку од Феникс 2010 и на овој натпревар.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

Феникс 2010 – Вардар    71:80

ПРЕТХОДНО ОДГРАНИ НАТПРЕВАРИ

Еуро Никел 2005 – Кожув          80:73

Пелистер – Работнички  89:92

Охрид – Академија ФМП           82:66

ТФТ – Чаир 2030   77:66

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      85:59

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 4, МЗТ Скопје Аеродром 4, Работнички 4, Вардар 4, Чаир 2030 3, Охрид 3, ТФТ Моцарт 3, Гостивар 3, Пелистер 2, Кожув 2, Феникс 2010 2, Академија ФМП 2;   

ИДНО КОЛО (14.10)

Гостивар – Еуро Никел 2005

Академија ФМП – Феникс 2010

Чаир 2030 – Работнички

Кожув – Огрид

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Вардар - ТФТ