Во понеделник, од 20.часот во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ Скопје Аеродром (скор 11-2) го дочекува Работнички (7-6) во 160. по ред вечна приказна (пренос на МРТ 3). Онаа која вели дека досега екипата од „Градски парк“ е во голема резултатска предност. „Води“ со (91:68), но разликата, барем во последно време е сериозно намалена од страна на екипата од Аеродром.
За разлика од некои претходни нивни пресметки, во оваа и двата тима влегуваат со сериозни главоболки. „Сино-белите“ по лошите и неуспешни игри во АБА лигата, по втор пат во оваа сезона загубија од Гостивар, додека пак од друга страна зад „црвено-белите“ се два по ред, порази во новата календарска година, со кои беше запрена нивната серија од седум победи по ред, на крајот на претходната година.
Оттука и не може да се зборува за некој изразит фаворит на дуелот кој е закажан за понеделник навечер, од 20.часот, во СЦ „Јане Сандански“, кој дефинитивно ќе го одбележи ова првенствено коло, 14. по ред.
Извесно е и тоа дека „металците“ ќе имаат и (по) малку време за комплетна подготовка за дербито, особено ако се земе в предвид дека во сабота навечер, исто така на свој терен во Аеродром, ги чека АБА предизвикот наречен Цедевита Олимпија. Исто така важен, ако не и поважен натпревар за екипата која сега ја предводи Драган Николиќ, а кој е дел од трката за опстанок во Јадранската конкуренција.
Претходно, ова коло ќе стартува во сабота, со одигрување на три натпревари, сите со почеток од 18.часот.
Во СРЦ „Кале“, дуел на две екипи кои се „соседи“ на првенствената табела. ТФТ (8-5), го пречекува силно мотивираниот состав на Гостивар (9-4), кој зад себе ја има онаа голема победа над бранителот на шампионскиот пехар.
Во исто време, но во кавадаречки „Јасмин“, Еуро Никел 2005 (скор 8-5) го дочекува составот на Чаир 2030 (4-9), додека пак во Гевгелија, Кожув (5-8) ќе се обиде да ја продолжи серијата од две победи по ред, со уште една, во натпревар во кој за противник ја имаат екипата на Куманово 2009 (3-10).
Два натпревари се закажани за недела. Во терминот од 18.30 часот, во Битола, второпласираниот тим во лигата, Пелистер (10-3) е во улога на домаќин на екипата на Навико Академија ФМП (3-10).
Нешто подоцна, од 20.часот, но во салата на СЦ „Јане Сандански“, Феникс 2010 (8-5) ќе го пречека составот на Струмица 2022 (2-11) кој од ова коло ќе го предводи поранешниот селектор на машката сениорска репрезентација, Јорданчо Давитков.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 14. КОЛО
4. ФЕВРУАРИ (САБОТА):
18.00: Кожув – Куманово 2009
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://youtube.com/live/Rd0_zUFA0c0?feature=share
18.00: Еуро Никел 2005 – Чаир 2030
Сала „Јасмин“ - Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/q_zE4KAa4oU?feature=share
18.00: ТФТ – Гостивар
Сала СРЦ „Кале“ - Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/wCEdFf0CQ2Q?feature=share
5.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА):
18.30: Пелистер – Навико Академија ФМП
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tDoBVjf8NDs?feature=share
20.00: Феникс 2010 – Струмица 2022
Големa сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4BvJBn3O-TU?feature=share
6.ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК):
20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (МРТ3)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5B4BxMll3ps?feature=share