Вечното дерби во македонската кошарка, дуелот помеѓу екипте на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички донесе добра кошарка. Скоро постојано водство, и на крајот победа за гостинската екипа.
Екипата од „Градски парк“ ја прекина серијата на порази во дуелите со својот вечен ривал, и што е поважно испрати порака дека ќе биде и тоа како сериозна конкуренција во битката за шампионската титула, како и онаа во Купот на Македонија.
По 15. одиграни кола во Првата лига, сега МЗТ Скопје е на скор од 12.победи и 3. порази, Работнички е чекор поблиску до тој скор, со 11.победи и 4.порази.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – РАБОТНИЧКИ 91:95
Во некоја рака, шампионот дури и треба да биде задоволен со тие минусни десет поени. Од причина што ја бараа, и не ја пронајдоа својата препознатлива игра во текот на тие 20.минути од вечното дерби, кое овојпат се играше скоро и на еден неутрален терен, во салата „Независна Македонија“ во скопската населба Кисела Вода.
Работнички беше далеку подобар ривал во овој дуел. Имаше потполна контрола и на играта и особено на резултатот. Имаа гостите и уште повисока разлика од 15 поени. И тоа во неколку наврати од втората четвртина.
Но уште еднаш, не само во овој прв дел од сезоната, МЗТ Скопје го имаше Војдан Стојановкси, кој некако успеваше да поентира, некогаш и од невозможни ситуации, и да не му дозволи на големиот ривал да „побегне“ и на повисока предност. Со ефикасноста во нападот на Танасковиќ (уфрли 13.поени), тоа и го остави бранителот на титулата во игра за добар резултат, а таков во еден дерби дуел е секако – победата.
Од другата страна пак Работнички имаше доста подобра распределба на поените, но и поразновиден напад, во кој „учествуваа“ нешто поголем број на играчи, макар што најчесто патот до противничкиот кош го (про)наоѓаа Ѓуроски (12.поени), Трајс (11), а солидни минути имаа и Декоузи и Рикиќ.
Се заедно резултираше со водство на Работнички (50:40)...
На почетокот на второто полувреме, „металците“ ја „раситнија“ негативата на едноцифрена (45:53). Но гостинската екипа најде одговор. Со точни обиди за три поени, ја врати „стандардната“ позитива.
На средина од тој период, по тројката која дојде од Трајс, Работнички се врати на плус 15, (65:50). Но тоа не беше се од „црвено-белите“ во третата четвртина,затоа што освен Ѓуроски и Трајс, во поентерски ефект „влезе“ и Декоузи, па пред крајот на тој дел од играта, гостите имаа и највисоки (76:57).
Евидентно, „сино-белите“ не најдоа дополнителна енергија за да пробаат да се вратат. Напротив, Работнички се „подигна“ на уште повисоки (82:61) по нецели две минути игра во последната делница од дербито.
Но до крајот имаше големи осум...
Период од играта во која МЗТ Скопје конечно ја намести играта во нападот. Во период од шест минути првакот ја сведе негативата на достижни седум поени. По тројката на капитенот Д: Стојановски беше „само“ (84:91).
Но и само нешто повеќе од две минути за играње. Дел од играта во кој серијата на домашната екипа ја прекина Трајс, за помирни (93:84). Но за кратко, затоа што Ворку „симна“ и на (88:93), и остави некои седумдесет секунди за конечно решение.
Истиот играч имаше шанса да го направи дербито драматично. Но избрза во нападот, казни Ефремовски, со две реализирани слободни фрлања, за недостини (95:88).
Декоузи се претвори и во прв стрелец на Работнички, реализираше 23.поени (имаше и осум скока), Ѓуроски застана на 20.поени, додека Трајс заврши со дабл-дабл учинок од 19.поени и 11.асистенции и му недостасуваа уште два скока, за тоа да добие и тројна димензија. Двоен број на поени, десет, во тимот-победник имаше и Рикиќ, додека пак на другата страна, Танасковиќ броеше до 26, В. Стојановски имаше 18 (плус и девет асистенции), а Д. Стојановски и Ворку по 15.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 15.КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички 91:95
Навико Академија ФМП – ТФТ Моцарт 62:90
26.ЈАНУАРИ (ПЕТОК)
18.00: Пелистер – Еуро Никел 2005
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2XSkMCjTmfA?si=9XRq6wAtw2ICQfNz
27. ЈАНУАРИ (САБОТА)
17.00: Вардар – Чаир 2030
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/5-W_tveAWjI?si=gbXI2-XD9wIFF25o
17.00: Кожув – Феникс 2010
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/di39IGtod5s?si=gUNKPf35mo7oWx0t
17.00: Гостивар – Охрид
Сала „Младост“ – Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8knW4qEaXLA?si=4SKZJqh2zvIh2WJS
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, Еуро Никел 2005 25, Пелистер 24, ТФТ Моцарт 24, Чаир 2030 23, Феникс 2010 22, Гостивар 18, Навико Академија ФМП 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17;