Во последните два натпревари од 11. коло, освен драматичната победа на ТФТ Моцарт на гостински терен против Феникс 2010 (79:75), за одбележување е едно навистина убаво постигнување на еден млад играч. Доаѓа од редовите на Еуро Никел 2005, а се вика Тодор Златев, а кој на средбата со Вардар, направи трипл-дабл ефект, изразен преку 24.поени, 11.скока, и исто толку асистенции за 30.минути поминати во игра.
ФЕНИКС 2010 – ТФТ МОЦАРТ 75:79
Доста изедначен почеток имаше последниот натпревар од овој првенствен круг. Во првиот период од играта ниту еден од ривалите не се стекна со некоја „опиплива“ предност. На истекот на десетте минути, Феникс 2010 имаше минимално водство од (21:20).
„Сликата“ почна да се менува од почетокот на втората. Предноста премина на страната на гостинската екипа која го презема водство, не го испушташе до крајот на полувремето.
По 20.минути, „црно-белите“ имаа сосема солидна позитива, (39:34).
И не ја испуштаа ниту во продолжението, така беше барем до 27.минута. Во оние три до крајот на третиот дел, домаќините успеаја да ја анулираат негативата, и последниот период да го дочекаат во егал резултат, (61:61).
Серијата на Феникс 2010 продолжи и во воведните минути од последната четвртина во кои се стекнаа со водство од (67:61). Водството на домашната екипа „траеше“ до тројката на Ташовски, во 36.минута, кога ТФТ Моцарт беше екипата која водеше, (72:70).
Но до крајот имаше уште четири минути. А во нив вистинска драма, со среќен крај за гостите.
Имаше Феникс 2010 проблеми и тоа сериозни, со реализацијата на слободните фрлања. Особено во тие клучни моменти. Четири слободни фрлања не реализираа Трајковски и Метјуз, па беа казнети, и тоа сурово. Со тројката на Верц, за ново водство на ТФТ, сега од (77:75) и 24 секунди за одлука.
Следуваше нова загубена топка, сега на Дениел, по која Верц ја потврди победата за гостинската екипа.
Кај гостите од Тафталиџе, 17. реализации имаше Луис. А двоен број на поени запишаа и Верц 16, како и Ташовски и Хаутон кои имаа по 11.
Метјус реализираше 23.поени, Трајковски 15, Џонс 14, а Дениел уште 11 за екипата на Феникс 2010 во која недостасуваа поените на нивниот прв стрелец Рис (даде само седум, макар што во својата статистика имаше и 13 скока).
По 11 кола, и со скор (7-4), ТФТ Моцарт е на делба на 4. позиција (заедно со екипите на Работнички и Чаир 2030), додека пак Феникс 2010 постанува седмопласиран (ефект (6-5).
ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ВАРДАР 116:66
Кошаркарите на Еуро Никел 2005 стигнаа до планираната победа, и се вратија на втората позиција на табелата на која се заедно со екипата на Пелистер. За нив осма во првиот круг од натпреварите, а ќе остане запаметена поради ефектот на еден млад кошаркар од редовите на Еуро Никел 2005.
Капитенот на кавадарчани, Тодор Златев стигна до троен ефект. Како стартер одигра точно 30.минути, запиша скор од 24.поени (3/3 за три, 6/11 за два и 3/3 од линијата за слободни фрлања). Додаде и 11.скока и 11.асистенции, плус и три освоени топки, две загубени, за еден од највисоките индекс-поени во сезоната, 42!
Натпреварот во „Јасмин“ беше една „едносмерна улица“. Од првата до последната минута, домашната екипа беша далеку подобра. Гпо мајавија тоа кавадарчани со убедливите (34:19) во првата четвртина. Веќе во втората, обезбедија недостижни (63:38).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО
Еуро Никел 2005 – Вардар 116:66
Феникс 2010 – ТФТ Моцарт 75:79
Пелистер – Кожув 72:61
Гостивар – Работнички 65:86
Охрид – Чаир 2030 64:74
МЗТ Скопје Аеродром – Навико Академија ФМП 79:72
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21, Еуро Никел 2005 19, Пелистер 19, Работнички 18, Чаир 2030 18, ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 14, Навико Академија ФМП 13, Охрид 12;
ИДНО КОЛО (16.12)
Пелистер - Гостивар
Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП
Феникс 2010 – Чаир 2030
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
ТФТ Моцарт – Работнички
Охрид - Вардар