17.11.2023

Двата, веројатно и најинтересни мечеви во осмото коло ќе се играат во подоцнежен термин, на 22. ноември

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Викенд-пресметки во Скопје, потоа следуваат оние на водечкиот „квартет“

Поради обврските кои ги имаат во текот на оваа седмица, трите наши претставници во АБА 2 лигата, осмото првенствено коло ќе биде поделено, на условно кажано, два дела.

Четири натпревари се предвидено да се играат за време на викендот, а два на 22. ноември (среда), а во кои е вклучен и дерби дуелот на две од трите екипата во АБА 2 конкуренцијата, ТФТ Моцарт и МЗТ Скопје Аеродром.

Во саботниот дел, ќе се играат три натпревари, сите во Скопје.

Програмата на 8. првенствено коло стартува од 17.часот, во салата „Независна Македонија“, каде екипата на Навико Академија ФМП (0-6) има уште една шанса да дојде до првата победа во дуелот со екипата на Кожув (2-5).

Едне час подоцна (18.00) во СРЦ „Кале“ (без присуство на публика), ќе се сретнат екипите на Работнички (4-3), и на ГКК Охрид (1-6), додека пак нешто подоцна, во 19.часот, во соседниот спортски објект, оној на КК „Вардар“, екипата на Вардар (3-4) е домаќин на Гостивар (3-4).

Еддн натпревар ќе се игра во неделниот термин, односно од 20.часот. И тоа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, каде екипата на Феникс 2010 (скор 3-4) ќе го дочека составот на Еуро Никел 2005, кој има ефект од пет победи и два порази во седум одиграни мечеви.  

Три дена подоцна, односно во среда навечер, двојна програма. Прво, од 19.часот, во салата „Шабан Трстена“, (директен пренос на МРТ 3) кошаркарите на Чаир 2030 (5-2) ќе пробаат да се вратат во победнички ритам во дуелот со битолски Пелистер (5-2), кој е во серија од неколку победи. А половина час подоцна (19.30), во СРЦ „Кале“, ТФТ Моцарт (5-2) ќе го предизвика бранителот на титулата, и актуелен лидер во ова првенство, МЗТ Скопје Аеродром (6-1).

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 8. КОЛО

18.НОЕМВРИ (САБОТА)

17.00: Навико Академија ФМП – Кожув

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Hc6tm45fKEY?si=Nmabvb1rpJEpzf5o

18.00: Работнички – Охрид (без публика)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2Tya18hhSdA?si=evgEnIsTGeFnSdYO

19.00: Вардар – Гостивар

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4CLqUcH51_E?si=L2oQDmdXYZe2iI12

19.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Еуро Никел 2005

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MjLU-Eb_Wts?si=vc1uUNa-vw_aUEYv

22.НОЕМВРИ (СРЕДА)

19.00: Чаир 2030 – Пелистер (МРТ3)

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VLKPVnalshk?si=0w4GX0GN_xjP4WGv

19.30: ТФТ Моцарт – МЗТ Скопје Аеродром

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/cn79yjerJYc?si=zVJR0p0miRQtFc5Y