Колото број 21 носи неколку навистина важни натпревари чиј што исход ќе има директно влијание на изгледот на првенствената табела.
Како за оние водечки позиции, така и оние кои се во долниот дел...
Извесно е дека дерби на ова претпоследно коло од регуларниот дел е дуелот во Битола, во кој се среќаваат двата македонски претставници во АБА 2 лигата. Во недела од 20.30 часот, во салата „Боро Чурлевски“, Пелистер (скор 16-4) е домаќин на ТФТ Mozzart (14-6), во обид да ја одбрани втората стартна позиција пред почетокот на плеј-офот.
Од друга страна пак за „црно-белите“ од Тафталиџе ова е последна можност да пробаат да дојдат на место погоре од она кое го имаат во овој момент. Но за тоа ќе им биде потребна во неделата пресметка во Битола, но и уште еден пораз на „пелистерци“ и нивна нова победа во последниот круг од натпреварите.
Сепак, се е во рацете на „зелено-белите“, кои во последното коло имаат уште едно домаќинство, она против лидерот на табелата и бранител на трофејот – МЗТ Скопје Аеродром.
Голема битка ќе се води и на два натпревари во кои се среќаваат четирите екипи кои ќе бидат дел од Плеј-аут лигата.
И двата се играат во неделниот термин...
Од 18 часот, стартува дуелот во салата „Перо Наков“ во кој екипата на Куманово 2009 (4-16) го пречекува последнопласираниот тим во лигата – Струмица 2022 (2-18). И двете со свои проблеми во пресрет на овој меч во кој влогот е голем. Победата два надежи дека може да се остане во трката за опстанок, поразот пак води еден чекор назад, кон Втората лига.
Во нешто порелаксирана ситуација, во тој поглед, секако, се другите две екипи. Чаир 2030 и Навико Академија ФМП имаат идентичен ефект по 20. одиграни натпревари, по пет победи и 15 порази. Но чаирчани имаат хендикеп, им го прави оној минус бод (кој не го добија за прекинатиот натпревар со Работнички), кој ги става гостите од Кисела Вода во предност кога се бројат бодовите.
Зад тимот од Чаир се некоку добри игри, но во овие последни мечеви ќе бидат без помошта на Јусуф Мохамед, еден од нивните најдобри играчи, што има дава шанса плус на ривалите во битката за опстанување.
Од друга страна „лавовите“ направија две победи по ред, токму со конкурентите, и евентуален триумф во салата „Шабан Трстена“ би ги донел избраниците на тренерот Тони Симиќ во една „добитна комбинација“ пред оние бараж-дуели.
Гостивар (14-6) игра многу подобро на домашен терен, па во обид да стане на позицијата 3, гостиварци ќе мора да заиграат подобро и во сабота навечер (18.часот), на гостински терен. Оној во салата „26.април“, каде ги чека мечот со екипата на Кожув (8-12), која го држи осмото место, кое за противник во четвртфиналето им го носи, многу извесно, МЗТ Скопје Аеродром.
Во исто време, но во Кавадарци, Еуро Никел 2005 (11-9) е домаќин на Работнички (12-8) во натпревар во кој извесно е, ќе стане појасно која од овие две екипи, некогашни шампиони, ќе биде место погоре на табелата. „Црвено-белите“ во последно време се во серија на победи, освоија доста бодови кои во овој момент ги ставаат на 5. место на табелата. Го бранат токму во „Јасмин“, каде никогаш нема ништо лесно во обидите да се дојде до триумф.
Колото број 21 ќе биде затворено со „соседското дерби“ во СЦ „Јане Сандански“ во кое Феникс 2010 (11-9) номинално е во улога на „домаќин“ на МЗТ Скопје Аеродром (18-2), екипата која вечерва во Сплит, го игра натпреварот од типот „да се биде или не“ во АБА лигата. Оттука извесно е дека „сино-белите“ ќе се насочат кон овој натпревар за време на викендот, откако ќе „дознаат“ дали ќе останат со шанси за место кое води во баражот во Јадранската лига.
Затоа, се чини дека овој натпревар е многу поважен за Феникс 2010 , екипа која е во некој „слободен пад“, барем кога станува збор за оној резултатски аспект, по кој четата на Денис Дервишевиќ дојде на делба на 6. место на табелата (заедно со Еуро Никел 2005).
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 21.КОЛО
8.АПРИЛ (САБОТА):
18.00: Кожув – Гостивар
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/VRRP8OheIew?feature=share
20.30: Пелистер – ТФТ Мozzart
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/gFeLAgVjARw?feature=share
9.АПРИЛ (НЕДЕЛА):
18.00: Еуро Никел 2005 – Работнички (МРТ 3)
Сала „Јасмин“ - Кавадарци
ЛИНК:
18.00: Куманово 2009 – Струмица 2022
Сала „Перо Наков“ – Куманово
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/vBVh4ouCy2c?feature=share
21.00: Чаир 2030 – Навико Академија ФМП
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tZffEKo4wh8?feature=share
10.АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК):
18.00: Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром
Голема сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ry_Z19mJUEk?feature=share