27.10.2023

Петто коло од првенството... МЗТ Скопје против Еуро Никел 2005 бара лидерска позиција на табелата

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Во Аеродром, битка за прво место

По возбудувањата кои ги донесе четврттиот круг од натпреварите во Првата лига, кои кулминираа со одигрување на вечното дерби, во кое МЗТ Скопје беше подобар од Работнички, овој викенд следува колото број 5.

Можност повеќе носи за бранителот на титулата (скор 3-1), да се искачи и на првата позиција на табелата. Во сабота, од 18.часот во СЦ „Јане Сандански“ аеродромци го пречекуваат составот на Еуро Никел 2005 (3-1), кој по одличниот почеток (три победи по ред), во минатото коло загуби за прв пат и тоа на домашен паркет, каде подобар од нив беше Пелистер.  

Интересно, во истиот термин, 18.часот, утре вечер ќе се одиграат уште три натпревари.

Во локалната пресметка „Под Кале“, Вардар (2-2) ќе бара изненадување против Работнички (2-2), екипа која во меѓувреме остана без шефот на стручниот штаб, Димитар Мираковски, по што во улога на в.д. „прв тренер“ за овој меч ќе биде Андреј Апостолски Лечиќ.

Во Гевгелија, Кожув (1-3) го пречекува ТФТ Моцарт (3-1), додека пак на мегдан на Гостивар (2-2) доаѓа екипата на Феникс 2010 (1-3).

Половина час подоцна, (18.30), во Битола, Пелистер (2-2) е домаќин на екипата на Охрид (1-3).

Во недела (од 18.часот) е закажан само еден натпревар. Оној во спортската сала „Независна Македонија“ во кој, се посилниот ростер на Навико Академија ФМП, во кој сега има и странски играчи, е домаќин на Чаир 2030 кој во првите четири кола веќе запиша три успешни игри.  Екипата од Кисела Вода е единствената без победа во првите четири првенствени кола.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 5. КОЛО

28.ОКТОМВРИ (САБОТА)

18.00: Гостивар – Феникс 2010

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/um1RqFnIgbw?si=ZldngV6ulJNfONiB

18.00: Кожув – ТФТ Моцарт

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Npe4HwP9ma0?si=vpX8cMwdB9hKW664

18.00: МЗТ Скопје – Еуро Никел 2005

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4V8PM5B8joQ?si=dpOTOsRrXYscHV0W

18.00: Вардар – Работнички  

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZOc_GHrdmZw?si=FjwdxFXlu36H8nH6

18.30: Пелистер – Охрид

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/FtKHjFbdIoU?si=pRHbsFQs0tSIfcPk

29.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Навико Академија ФМП – Чаир 2030

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xV2WlImDKwI?si=BFJL3B0cTwmmleyf

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Чаир 2030 7, ТФТ Моцарт 7, Феникс 2010 6, Пелистер 6, Работнички 6, Вардар 6, Гостивар 6, Кожув 5, Охрид 5, Навико Академија ФМП 4;