24.11.2023

Дуелот МЗТ Скопје Аеродром-Чаир 2030  е закажан за сабота навечер (18.00 часот), во СЦ „Јане Сандански“...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Во дербито на првиот дел, чаирчани го предизвикуваат шампионот во Аеродром

Од каков „материјал“ е „направен“ Чаир 2030, има ли во чаирскиот состав доволно сила, енергија, моќ, секако и желба за да се биде подобар од најдобриот, од шампионот...

Да се победи МЗТ Скопје среде Аеродром?

Одговорот на тоа прашање треба да го даде натпреварот од деветтото првенствено коло. Оној кој е закажан за сабота, од 18.часот, а ќе се игра спортскиот центар „Јане Сандански“.

Извесно, екипата од Чаир е најпријатното изненадување во лигата во досегашните осум одиграни кола. За тоа говори и нивниот ефект од шест победи и два порази, со кој се на само еден чекор зад актуелниот лидер, и нивниот противник во сабота навечер.

Практично во истиот термин, ќе се одиграат и другите четири натпревари во саботната програма.

Во Гостивар гостува екипата на Навико Академија ФМП, извесно со нов тренер, Љупчо Малинков, и многу поголема самодоверба, особено по реализацијата на првата победа во новиот шампионат, минатото коло против екипата на Кожув.

Своевидна рехабилитација екипата од Гевгелија ќе побара во дуелот на домашен терен, против се подобриот состав на Работнички.

Вториот натпревар кој може да се окарактеризира како дерби 2 во ова коло, е оној кој ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Ќе играат Еуро Никел 2005 и ТФТ Моцарт, две екипи од горниот дел на табелата.

Два меча ќе се одиграат во недела...

Од 16.часот, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, Пелистер важи како фаворит во натпреварот против скопски Вардар. А два часа подоцна, но во салата „Билјанини извори“, екипата на ГКК Охрид ќе се обиде да оствари втора победа во прволигашката конкуренција против екипата на Феникс 2010.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 9. КОЛО

25.НОЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Гостивар – Навико Академија ФМП

Сала „Младост“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/LNSDK7tbO04?si=avH3K5aJ41wnFRmc

18.00: Кожув – Работнички

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/wQO-eQtcOFU?si=beDLwMRf2ZyA9vU-

18.00: Еуро Никел 2005 – ТФТ Моцарт

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/UJzvWrlKEuw?si=cDjrPrdx9b_Mqghm

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030 (МРТ3)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/heBGvGRurzo?si=VI98_YPGeyGZqfWi

26.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

16.00: Пелистер – Вардар

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/K50Wh8KJ-1I?si=js45AgcnBOiqdF0Y

18.00: Охрид – Феникс 2010

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Ufq9TawLev4?si=Dken3IUHLo4cBiAl

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 15, Чаир 2030 14, Еуро Никел 2005 13, Работнички 13, Пелистер 13, ТФТ Моцарт 13, Феникс 2010 12, Гостивар 12, Вардар 11, Кожув 10, Навико Академија ФМП 9, Охрид 9;