10.02.2023

Пет натпревари ќе се играат во саботните термини, ќе „доцни“ само мечот во Кисела Вода поради јадранските обврски на МЗТ Скопје

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Во „Јасмин“ ќе се води битка за третата позиција

Минатото коло во Првата лига донесе доста возбудувања, кулминираа со вечното дерби во Аеродром во кое МЗТ Скопје по голема борба стигна до победата над Работнички.

А токму кошаркарите во „црвено-бела“ комбинација (скор 7-7) и ќе го отворат 15 коло. И тоа во дуелот во релативно ран термин, 16 часот, на свој терен, во салата во СРЦ „Кале“, каде за противник ќе ја имааат екипата на Гостивар.

Натпревар (ќе се игра без присуство на публика поради суспензијата која ја доби Работнички) во кој избраниот тим на Димитар Мираковски ќе се обиде да ја прекине серијата од три порази, кои и го симнаа некоја позиција подолу на првенствената табела.

Во слична ситуација е и екипата од Гостивар (9-5), зад која се два порази во трите изминати кола од оваа календарска 2023 година, и кои ги турнаа кон позицијата број 6.

Во исто време, но во Струмица, кошаркарите на Пелистер ќе се обидат да ја продолжат својата серија на успешни игри, онаа со која се осамени на втората позиција на табелата (со ефект 11-3), и на само еден чекор зад лидерот МЗТ Скопје Аеродром (12-2), кој својот натпревар од ова коло ќе го одигра во понеделеник навечер (18.часот), на гостински терен, против екипата на Навико Академија ФМП (2-12).

Се чин најнеизвесниот дуел е биде оној од 17 часот во кавадаречки „Јасмин“ во кој ќе се сретнат екипите на Еуро Никел 2005 и на ТФТ Mozzart. Двете екипи се со израмнет учинок, девет победи и пет порази, кој ги носи на делба на третото место, а во која „се вклучени“ уште и Гостивар и Феникс 2010.

Зад „фениксовци“ е серија од три последувателни победи, а следен првенствен предизвик за четата на тренерот Денис Дервишевиќ е мечот со екипата на Куманово (3-11) на гостински паркет, во салата „Перо Наков“ кој стартува од 19.часот.

Во серија од три успешни игри е и екипата на Кожув (6-8). Но гевгеличани ќе имаат сериозен испит овој викенд, ако се знае дека ги чека гостувањето во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, макар што домаќините (скор 4-10) се хендикепирани со неприсуство на своите фанови.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 15. КОЛО

11.ФЕВРУАРИ (САБОТА):

16.00: Работнички – Гостивар (МРТ3)

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/piubXOTFx-Q?feature=share

16.00: Струмица 2022 - Пелистер

Спортска сала „Парк“ – Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tnTpzvL_Fvs?feature=share

17.00: Еуро Никел 2005 – ТФТ Mozzart

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/oncw629DNyg?feature=share

18.00: Чаир 2030 – Кожув

Спортска сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GPfSHIJsye4?feature=share

19.00: Куманово 2009 – Феникс 2010

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/A2Tr4smqOpE?feature=share

13. ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

18.00: Навико Академија ФМП – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија “- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/W8rRyGx4PZs?feature=share