02.02.2024

Во среда (18.30 часот), во салата „Јасмин“ Еуро Никел 2005 ќе се обиде да ја искористи кризата на МЗТ Скопје Аеродром...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Во Кавадарци е битката за првото место

Колото број 16 го носи можеби и најважниот натпревар во досегашниот дел од сезоната во Првата лига-мажи. Во Кавадарци се среќаваат Еуро Никел 2005 и МЗТ Скопје. Двете екипи кои во изминатиот дел на сезоната се изборија за најдобар резултат. Имаат скор од 12.победи и 3.порази, кои ги ставаат во позиција на ко-лидери.

Но по завршувањето на 40.минути (можеби и повеќе) во салата „Јасмин“ една од нив ќе биде новиот број 1, иако во овој момент, поради подобриот кош-количник, на таа позиција е екипата од Кавадарци.

Овој натпревар е еден од трите кои поради обврските на шампионот, но и на екипите на ТФТ Моцарт и на Пелистер (настапи во АБА 2 лигата), ќе се играат нешто подоцна, поточно на 7. февруари (среда).

Викендов ќе се одиграат три натпревари. На 3.февруари (сабота) се закажани два. Првиот ќе се игра во салата на СРЦ „кале“, каде забревтаниот Работнички (скор 11-4) е домаќин на „соседот“, Вардар.

Еден час подоцна, во салата „Шабан Трстена“, ќе играат Чаир 2030 (10-5) и Навико Академија ФМП (3-12).

Во недела, од 20.часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра натпреварот Феникс 2010 (скор 9-6) и Гостивар (10-5).

Три дена подоцна, освен дуелот во Кавадарци, ќе се играат и оние помеѓу екипите на Охрид (3-12) и Пелистер (10-5), од 17.часот, во салата „Билјанини извори“, односно ТФТ Моцарт (9-6) и Кожув (3-12), кој е закажан од 18.часот, во салата на СРЦ „Кале“.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ  16.КОЛО

3.ФЕВРУАРИ (САБОТА)

18.00: Работнички – Вардар

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Rw5WHAyfHK0?si=JxYhhqRUZzSvqbaz

19.00: Чаир 2030 – Навико Академија ФМП

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/RR1y19BxC_4?si=ZGWQuoQWFA3zl1cH

4.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)

20.00: Феникс 2010 – Гостивар

Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xQb6YQGUe-E?si=OvbWM9-rJHUtTH_Z

7.ФЕВРУАРИ (СРЕДА)

17.00: Охрид – Пелистер

Сала „Билјанини извори“ – Охрид

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2tqm57qKWgM?si=8Ep2E40gaHGEJ_fd

18.00: ТФТ Моцарт – Кожув

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/B5ODiz5-maQ?si=NVYkcgNf3IkHXVzP

18.30: Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром (МРТ3)

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/42ksvrnvICg?si=P3rsY-EIfqeIazW9

ТАБЕЛА: Еуро Никел 2005 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Работнички 26, Пелистер 25, Чаир 2030 25, Феникс 2010 24, ТФТ Моцарт 24, Гостивар 20, Кожув 18, Охрид 18, Навико Академија ФМП 18,Вардар 18;