Ибраими погоди едно слободно фрлање, и тоа беше доволно за минимална победа над составот од Гевгелија
ОХРИД – КОЖУВ 74:72
Охридскиот прволигаш не сака да биде на последното место на табелата. Во првиот меч од новата календарска година, беа за нијанса подобар ривал од гостите од Гевгелија.
Имаа постојано водство, кое со напорна работа, трпеливост во текот на сите 40.минути го претворија во мнпгу важен триумф кој ги „држи“ во битката за опстанок во друштвото на најдобрите.
Во доста израментиот натпревар во салатљ „Билјанини извори“, Андерсон и Димовски реализираа по 16.поени, Лајонс имаше уште 11, додека меч-винерот Ибраими помогна со 13. поени од клупата за резервни играчи на Охрид.
На другата страна пак, без ефект останаа оние 21 поени кои дојдоа од ветеранот Караџовски (пет тројки), 16 кои дојдоа од Артисон и 11 од Кришнан.
По 14 кола, двете екипи се на ефект од 3. победи и 11.порази.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
Феникс 2010 – Навико Академија ФМП (во тек)
Охрид – Кожув 74:72
Еуро Никел 2005 – Гостивар 97:85
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 66:72
Работнички – Чаир 2030 84:70
ТФТ Моцарт – Вардар 92:82
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26, Еуро Никел 2005 25, Работнички 24, Пелистер 24, Чаир 2030 23, ТФТ Моцарт 22, Феникс 2010 20 (-1), Гостивар 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17, Навико Академија ФМП 16 (-1);