22.12.2023

Ова 13 коло, ќе биде и последното за оваа календарска година...

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: За крај на 2023 година, дерби дуели во Чаир и во „Кале“

И овој прволигашки викенд ќе биде од оние со префикс „продолжен“.

Пред се поради последните обврски кои ги имаа (т) нашите три претставници во АБА 2 лигата.

Тоа се однесува и за натпреварот во кој се среќаваат екипите на Работнички (скор 8-4) и Пелистер (9-3), кој е оквалификуван како еден од оние кои се нарекуваат дерби.

Дуелот во СРЦ „Кале“ е закажан за 27.декември (среда) со почеток од 18.часот, и ќе биде официјално последниот натпревар во 2023 година што се однесува за оние од елитниот ранг на натпреваруавње.

Секако заедно со натпреварот кој е закажан за 24.декември (недела) од 19.часот, во салата „Шабан Трстена“ во Скопје, а ќе играат екипите на Чаир 2030 (8-4) и ТФТ Моцарт (7-5).

Колото број 13 ќе биде отворено со дуелот во Гевгелија, во сабота, од 17.часот, во салата „26.април“, Кожув (3-9) го пречекува кавадаречки Еуро Никел 2005 (9-3), а во истиот термин, но „под Кале“, ќе играат Вардар (ефект 3-9) и Феникс 2010 (6-6).

Во недела, од 18.часот, во натпревар и тоа како важен за изгледот на табелата, оној „долен дел“, во салата „Независна Македонија“, Навико Академија ФМП (2-10) го пречекува Охрид (2-10).

„Надвор“ од планираните термини ќе се одигра и натпреварот во Гостивар каде гостува актуелниот бранител на шампионската титула, и лидер на табелата, МЗТ Скопје Аеродром (11-1). Овој дуел е предвидено да се игра на 26. декември (вторник) со почеток од 18.часот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 13. КОЛО

23.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

17.00: Кожув – Еуро Никел 2005

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/a4MWd-cXHx8?si=e_wIWG68kOthyPb7

17.00: Вардар – Феникс 2010

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1yPDT9mOAcA?si=ZCD2y2m29HDTthZG

24.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Навико Академија ФМП – Охрид

Сала „Независна Македонија “- Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/PelDuvNcuBA?si=nmDTv4OSyLCUK4c_

19.00: Чаир 2030 – ТФТ Моцарт

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/a0V-eCzxBAM?si=3Sz13fdPOVShMQGm

26. ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

18.00: Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ – Гостивар

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/OWSIugI7fA4?si=WycYqZslDnKT5cDT

27.ДЕКЕМВРИ (СРЕДА)

18.00: Работнички – Пелистер

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8oVxQiRn3Po?si=CXFzTmQeA79DUPLe