23.12.2022

Последното коло во календарската 2022 година, ќе ги одреди и осумте учесници на финалниот турнир во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: За крај на годината, големо дерби во Битола - Пелистер го предизвикува МЗТ Скопје Аеродром

Овој викенд ќе биде и последниот за 2022 година во Првата лига-мажи. Во наредните три дена ќе се одиграат натпреварите од 11. коло, кое ќе треба да ги детерминира и осумте екипи уеснци на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ предвиден да се игра во средината на февруари, во 2023 година.

Пласман ќе обезбедат првопласираните осум екипи по одигрување на ова првенствено коло. Засега, потврдени се седум екипи-учесници кои ќе се борат за драгоцениот трофеј. А последната, осмата, ќе се бара помеѓу екипите на Кожув и Навико Академија ФМП кои со скор (3-7) се на делба на осмата позиција, додека нешто помали се шансите тоа да бидат Куманово 2009, Струмица 2022, па и Чаир 2030 кои имаат победа помалку.

Оттука внимание привлекуваат дуелите на овие две екипи. Во Гевгелија, во сабота, од 18.часот, Кожув ќе се обиде да ја прекине победничката серија на Работнички, и во исто време да влезе во ТОП 8.

Многу потешка задача за пласман во „осумката“ ќе имаат кошаркарите на Навико Академија ФМП, затоа што во исто време, гостуваат во кавадаречки „Јасмин“ каде ги чека мечот против Еуро Никел 2005.  

Сепак, дербито на колото ќе се игра во Битола...

И тоа повторно со некој ден задоцнување, поради обврските на МЗТ Скопје Аеродром во Јадранската лига. Во вторник, од 17.часот, Пелистер е домаќин на актуелниот бранител на титулата, во обид да се изедначи со „сино-белите“ на пренствената табела, и зимската пауза да ја дочекаат на делба на првата позиција, која условно кажано, носи и најлесен противник во четвртфиналето од натпреварите во Купот.

Во тој круг влегува и екипата на Гостивар, која има нималку лесно гостување, во недела навечер од 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“ 9директен пренос на МРТ 3) гостиварци ги чека составот на Феникс 2010.

Победа во Скопје, и пораз на МЗТ Скопје Аеродром во Битола, ќе значи дека ќе имаме една „тројка“ на чело на првенствената табела

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 11.КОЛО

24.ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Чаир 2030 – Струмица 2022

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/ytidJPwxNh0

18.00: Кожув – Работнички

Сала „26.април“ - Гевгелија

ЛИНК: https://youtu.be/Yx0GPlo0UTs

18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП

Сала „Јасмин“ - Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/B33nLAkPPj0

25.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Куманово 2009 – ТФТ

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://youtu.be/w7xbIC7K6qA

20.00: Феникс 2010 – Гостивар (МРТ3)

Голема сала „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/h9IBO-wk690

27.ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК)

17.00: Пелистер - МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Боро Чурлевски“ - Битола

ЛИНК: https://youtu.be/CrNxqnnWZHo

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 19, Гостивар 18, Пелистер 18, ТФТ 16, Работнички 16, Феникс 2010 15, Еуро Никел 2005 15, Кожув 13, Навико Академија ФМП 13, Куманово 2009 12, Струмица 2022 12, Чаир 2030 12;