05.05.2022

Бадел 1862 ќе го предизвика шампионот, Баскет Кам 2011 во серијата која треба да го даде новиот шампион

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: „Баделки“ со два чекори во финалето, ќе биде реприза на ланското

ФОТО: И оваа година во финалето на плеј-офот ќе играат Бадел 1862 и Баскет Кам 2011

Лидерот по основниот дел од сезоната Бадел 1862, обезбеди пласман во големото финале од плеј-офот во женска конкуренција.

Во вториот натпревар од серијата против Крива Паланка, скопската екипа оствари убедлива победа од (117:61) за конечни (2-0), и оди на мегдан на Баскет Кам 2011, која еден ден порано, ја заврши својата работа во полуфиналната серија против со Вардар.

На средбата во Крива Паланка, сите кошаркарки на Бадел 1862 кои добија минутажа се запишаа во листата на стрелците. Најефикасна беше Ивана Кметовска со 23 поени и одлична реализација од игра (10/11), додека кај Крива Паланка се истакна Марта Вуловиќ со 21. поен.

Бадел 1862 ќе има шанса да му се реваншира на Баскет Кам 2011 и за поразот во ланското финале од плеј-офот, но и за неодамнешниот пораз во финалето од Купот на Македонија.

Поради подобриот скор во регуларниот дел од сезоната, „баделки“ ќе ја имаат и предноста на домашниот терен во финалната серија која се игра според системот „подобар во пет натпревари“, а стартува на 11. мај (среда).

Следните термин од финалната серија се уште и 14. мај, 18. мај, 21. мај, а евентуалната „мајсторка“ е на распоредот на 25. мај.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ - ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

11.МАЈ: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

14.МАЈ: Баскет Кам 2011- Бадел 1862

18.МАЈ: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

*21.МАЈ: Баскет Кам 2011 - Бадел 1862

*25.МАЈ: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011

*Ако биде потребно