27.03.2023

Екипите од Првата „А“ лига ја искористија предноста на домашен терен

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ- ДОИГРУВАЊЕ: Пробаскет и Гризли се чекор поблиску до место во плеј-офот

Екипите на Пробаскет и на Гризли се чекор поблиску до местата кои водат во натпреварите од плеј-офот, односно до опстанок во елитната „осумка“ во женска сениорска конкуренција.

Екипите кои во регуларниот дел од сезоната беа дел од групата „А“ во Првата лига, ја искористија предноста која ја носи играњето на домашен терен.

Во Кавадарци, иако потешко од очекуваното, Пробаскет најде решенија и го победи младиот тим на Патриот 2016 со (73:69). За водство од (1-0) во серијата „подобар во три“ натпревари.

До иста предност дојдоа и кошаркарките на Гризли, кои во локалната пресметка, односно првиот меч од доигрувањето беа подобри од Шкупи (61:57).  

Сериите кои треба да ги дадат двата последни учесници во плеј-офот, продолжуваат на 29. март, на теренот на послабопласираните екипи во регуларниот дел.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ - ДОИГРУВАЊЕ

Пробаскет – Патриот 2016        73:69 (1-0)

Гризли – ЖКК Шкупи      61:57 (1-0)