Единствената серија во која се играше „мајсторка“ во плеј-офот од женскиот шампионат, заврши со триумф на кошаркарките на Крива Паланка од (2-1).
Клучниот натпревар против Струга 2009, паланчанки го добија со тесни, но заслужени (71:68) и се изборија за полуфинале против лидерот по основниот дел од сезоната Бадел 1862.
Мечот беше решен во последните моменти откако 40. минути се водеше жестока борба, без повисока предност на ниедна од екипите.
Струга не најде одговори за ударното трио на Крива Паланка која натпреварот го одигра со само шест кошаркарки. Марта Вуловиќ постигна дабл-дабл ефект од 24. поени и 16. скока, а Марија Петровиќ и Михаела Алексовска реализираа по 20. поени.
Хадиса Зендели беше најефикасна во гостинскиот тим со 19 поени.
Бадел 1862, како првопласиран тим, ќе ја има предноста во серијата со Крива Паланка која е планирано да почне на 30.април (сабота). Во истиот термин стартува и втората полуфинална серија во која ќе играат екипите на Баскет Кам 2011 и Вардар.