15.05.2022

Феноменални шест минути на предизвикувачот беа доволни за голем пресврт и уште поголема победа против бранителот на титулата (69:68)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ: Бадел 1862 од -18, стигна до три меч-топки за титула!

Екипата на Бадел 1862 поведе со 2-0 во финалето од Плеј-оф серијата во женскиот шампионат, откако со една неверојатна последна четвртина, направи пресврт, и стигна до минимален, но и тоа како драгоцен триумф против Баскет Кам 2011.

 БАСКЕТ КАМ 2011 – БАДЕЛ 1862             68:69

Исклучително интересниот, на крајот и драматичен натпревар, практично беше решен во последните шест минути во кои скопската екипа направи навистина неверојатен пресврт и надополни негатива од 18 разлика.

Што се случуваше на теренот во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица?

Баскет Кам 2011водеше со навидум, според прикажаното натеренот, недостижни (65:47) пред Бадел 1862 да постигне 19 поени во низа. Доволни за пресврт, и за водство од (66:65).

Кризата, односно празните минути на домашниот тим, со тројка ја прекина Алексиќ за предност на домашната страна (68:66), кога останаа 45 секунди.

Во следниот напад Кметовска постигна кош по офанзивен скок,  за ново израмнување (68:68). А откако Тасевска не реализираше за Баскет Кам 2011, повторно Кметовска со едно слободно погодено фрлање го врати Бадел 1862 во водство од (69:68).

Во последниот напад Пуљизовиќ не успеа да погоди и да му донесе победа на Баскет Кам 2011 кој сега се наоѓа на раб на пораз во финалето. Бадел 1862 има големи, има огромни (2-0) во серијата која се сели во Скопје, каде на 18 мај (среда), е предвидено да се игра мечот брј 3 од големото финале.

Трајчевска беше најдобар играч во победничката екипа со 24 поени, 10 скока и 5 асистенции. Кај Баскет Кам 2011 каде беше видливо неиграњето на повредената Јелена Антиќ, најефикасна беше Тасевска со 20 поени, а Пуљизовиќ оствари 18 поени и 12 скока.