06.05.2023

Во недела (16.30.часот), во Македонска Каменица, почеток на финалната серија на плеј-офот во женска конкуренција

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ ФИНАЛЕ: Баскет Кам по втор, или Бадел 1862 по седми пат?

Купот одамна помина, четвртфиналните и полуфиналните серии се веќе зад нас, на ред дојде и финалната серија на плеј-офот во женска конкуренција. Серија, која се игра според системот „подобар во пет “ натпревари, всушност ќе биде реприза на финалето играно во ланската натпреварувачка сезона.

Но и една година, односно сезона пред тоа...

По трет пат во серија еден против друг во битката за шампионскиот пехар ќе излезат екипите на Баскет Кам и Бадел 1862.

Во недела попладне, од 16.30.часот (директен пренос на МРТ) во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, ќе тргнат двете најдобри и најтрофејни екипи во последните неколку сезони од женската сениорска кошарка.

За разлика од оние претходни серии, се чини дека во оваа не важи она правило кое одредува одреден фаворит. Можеби во мала предност, поради играњето на домашен терен, особено во првите два натпревари го прави „предизвикувачот“, Баскет Кам,  да биде доста поблиску до пехарот. Девојките од Македонска Каменица би ја имале таа предност и доколку серијата дојде до петти натпревар.

Традицијата во финалните пресметки во женскиот сегмент е на страната на Бадел 1862

И повторно, ако се смета на традицијата, кја никако не смее да се занемари или стави во некој „втор план“, тука екипата која настапува во Кисела Вода, има голема предност.

Ова е впрочем, само трето појавување на Баскет Кам 2011 во големото финале кое го дава шампионот во женска конкуренција.

Од друга страна зад Бадел 1862 се пет освоени, по ред, титули во периодот од 2013 до 2018 година, и настап во последните финални серии, кои навистина ги загубија (од Вардар и токму Баскет Кам 2011).

Поглед низ историјата

Ова ќе биде вкупно 30.финална серија од плеј-офот од постоењето на македонската клупска кошарка во женска конкуренција. Прв освојувач на шампионската титула, во сезоната 1992/1993, е екипата на Иноспектар Студент.

*Екипата на Вигор Скопје пак е најтрофејната. Под тоа име „вигорки“ осум пати му се радувале на шампионскиот пехар, и уште шест под името Бадел 1862.

*Четири пати шампион на Македонија во оваа конкуренција била екипата на Кимико од Струга (2002 до 2006 година). Во два наврати шампионските одличја ги добиле кошаркарките на Тиквеш (Флорида, Балкан) во сезоните 1993/94 односно 2001/2002,

*Свое место во историјата на женската кошарка, како шампиони, има и за: Агроопрема, Водњански Лисици, Младинец Изградба комерц, Кросиг и скопски Вардар, а од пред две години и Баскет Кам од Македонска Каменица.     

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА

7.МАЈ: Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862

10. МАЈ: Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862

13. МАЈ: Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011

17. МАЈ*: Бадел 1862 – Баскет КАМ 2011

20.МАЈ*: Баскет КАМ 2011 – Бадел 1862

* ако биде потребно

 

ЛИСТА НА ДОСЕГАШНИ ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

СЕЗОНА 1992/93: Иноспектар Студент – Симекс Скопје            3:0

СЕЗОНА 1993/94: Тиквеш Флорида – Студент       6:4 (серијата стартува со водство од 3-1 за Тиквеш Флорида)

СЕЗОНА 1994/95: Студент – Тиквеш Флорида       3:0

СЕЗОНА 1995/96: Агроопрема – Студент    3:0

СЕЗОНА 1996/97: Студент – Кочани  3:0

СЕЗОНА 1997/98: Вигор Скопје – Тиквеш-Кавадарци     3:1

СЕЗОНА 1998/99: Вигор Скопје – Профитнес Вест-Охрид         3:1

СЕЗОНА 1999/2000: Вигор Босс Скопје – Водњански Лисици-Скопје           3:2

СЕЗОНА 2000/2001: Водњански Лисици – Скопје – Вардар     3:1

СЕЗОНА 2001/2002: Тиквеш Балкан – Куманово  3:0

СЕЗОНА 2002/2003: Кимико-Струга – Профитнес-Охрид          3:1

СЕЗОНА 2003/2004: Кимико-Струга – Вигор Скопје        3:1

СЕЗОНА 2004/2005: Кимико-Струга – Вигор Скопје        3:0

СЕЗОНА 2005/2006: Кимико – Струга – Вигор Скопје      3:1

СЕЗОНА 2006/2007: Вигор Скопје – Билјана 006–Охрид           2:1

СЕЗОНА 2007/2008: Вигор Скопје – Младинец-Скопје  3:1

СЕЗОНА 2008/2009: Вигор Скопје – Билјана-Охрид        3:0

СЕЗОНА 2009/2010: Младинец – Вигор Скопје     3:1

СЕЗОНА 2010/2011: Вигор Скопје – Клубски          3:0

СЕЗОНА 2011/2012: Вигор Скопје - Бадел Кросиг-Скопје       3:0

СЕЗОНА 2012/2013: Кросиг-Скопје - Вигор Скопје           2:1

СЕЗОНА 2013/2014: Бадел 1862 – Работнички      3:0

СЕЗОНА 2014/2015: Бадел 1862 – МНА Кожувчанка      3:0

СЕЗОНА 2015/2016: Бадел 1862 – Клупски 3:0

СЕЗОНА 2016/2017: Бадел 1862 – Вардар  3:0

СЕЗОНА 2017/2018: Бадел 1862 – Вардар  3:0

СЕЗОНА 2018/2019: Вардар – Бадел 1862  3:0

СЕЗОНА 2019/2020: без шампион

СЕЗОНА 2020/2021: Баскет Кам 2011 – Бадел 1862        3:1

СЕЗОНА 2021/2022: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011        3:1

СЕЗОНА 2022/2023: Баскет Кам 2011 - Бадел 1862 ???