29.04.2022

Во Скопје и во Македонска Каменица, во сабота почнува полуфиналната серија од плеј-офот во женскиот прволигашки сегмент

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Дали ќе има „реприза“ од Куп-натпреварите?

ФОТО: Екипите на Бадел 1862 и Баскет Кам 2011 тргнуваат како големи фаворити во полуфиналето на Плеј-офот

Откако ги добивме имињата на сите четири екипи, од сабота стартува и вториот елиминациски круг од доигрувањето за шампионската титула – плеј-офот.

Согласно со позициите од регуларниот дел, формирани се и двете натпреварувачки двојки кои треба да ги дадат двата финалисти.

Бранителот на титулата, екипата на Баскет Кам 2011 тргнува како втор фаворит, со оглед на тоа дека најдобрата стартна позиција ја има нивниот најголем конкурент, Бадел 1862.

„Баделки“ реално гледано, имаат нешто полесен противник во полуфиналето, екипата на Крива Паланка, која во полуфиналето се проби по победата во „мајсторката“ против екипата на Струга 2009.

Во сабота (14.часот), во Македонска Каменица пак ќе гостува екипата на Вардар, што е своевидна реприза и на полуфиналето во националниот Куп каде пред некој месец се сретнаа истите ривали.

Тогаш победи Баскет Кам 2011, а како ќе биде во оваа серија која се игра според принципот „подобар во три натпревари“.

 

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ – 1. НАТПРЕВАР

30.АПРИЛ (САБОТА):

14.00: Баскет Кам 2011 – Вардар

Сала „Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

19.30: Бадел 1862 – Крива Паланка

Сала „Независна Македонија“ - Скопје