Дали екипите на Вардар и на Крива Паланка, како послабопласирани во однос на Баскет Кам и Бадел 1862 можат да направат изненадување, и со победа да го продолжат „животот“ во полуфиналето од плеј-офот во женскиот сегмент?
Одговорот на овие прашања треба да го дадат реванш-натпреварите од серијата „подобар од три“, кои се играат денеска и утре во скопје, односно во Крива Паланка.
Од 18.часот во Скопје, кошаркарките на Вардар ќе се обидат да го направат она што не им успеа на првата средба против актуелниот шампион. Пред своја публика да бидат подобри од Баскет Кам и да обезбедат трет натпревар кој ќе биде и решавачки.
Истото се однесува и за младиот состав на Крива Паланка, кој утре вечер, од 19.часот, ќе има се чини уште потешка задача. Пред својата публика во салата „Бранител 2001“ во Крива Паланка да биде подобар од екипата која има само еден пораз во досегашниот дел од сезоната – Бадел 1862.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ – ВТОР НАТПРЕВАР
4. МАЈ (СРЕДА):
18.00: Вардар – Баскет КАМ (0-1)
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
https://youtu.be/24Ie8Vgae4U
5. МАЈ (ЧЕТВРТОК):
19.00: Крива Паланка – Бадел 1862 (0-1)
Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка