05.05.2022

Екипата на Баскет Кам, полесно од очекуваното, го елиминира Вардар со победа на гостински терен (89:55)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Шампионот ќе ја брани титулата (ФОТО)

Екипата на Баскет Кам 2011 е првиот финалист во плеј-офот на женската Прва лига. Актуелниот бранител на шампионската титула, се чини полесно од очекувањата, беше подобра од скопски Вардар. На гостински терен славеа со убедливи (89:55) и со максимални (2-0) ја затворија серијата против „вардарки“.

ВАРДАР – БАСКЕТ КАМ 2011    55:89

Стартната петорка на гостинската екипа имаше убедлив почеток на овој полуфинален меч. Уште во првата четвртина обезбедија убедлива предност (25:9), која до крајот на првото полувреме скоро ја удвоија.

Имаа девојките во „сино-бела“ комбинација недостижни (49:21).

Пет гостински кошаркарки завршија со десет или повеќе поени, Пуљизовиќ постигна 16, Антиќ 14, а Тасевска и Поп Димитровска имаа по 13.поени. Кај Вардар, Зафирова даде 13, а Наков еден поен помалку.

Вечерва, од 19.часот, во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, ќе се игра вториот меч од серијата помеѓу екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.

„Баделки“ водат со (1-0) бидејќи беа подобри во првиот меч од оваа полуфинална серија, и со евентуална победа ќе му се придружат на својот голем ривал во големото финале на женската кошарка.