11.05.2021

Поради подобар скор од противниците, екипите на Бадел 1862 и Баскет Кам 2011 имааат предност од 1-0 во полуфиналните серии

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ: Полуфиналето стартува на 15. мај

По завршувањето на регуларниот дел од лигата 14 кола и Супер лигата од 6 кола, екипите на Бадел 1862, Баскет Кам 2011, Вардар и Крива Паланка се пласираа во полуфиналето на плеј-оф разигрувањето за сезона 2020-2021.

Полуфиналната серија започнува на 15.мај.2021 (сабота) помеѓу екипите на:

Бадел 1862 - Крива Паланка   (1-0)

Баскет Кам 2011 - Вардар        (1-0)

Поради скор од 2-0 во меѓусебните дуели со Крива Паланка односно Вардар, екипите на Бадел 1862 и Баскет Кам 2011 имааат предност од 1-0 во полуфиналето на плеј-офот.

Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари. Предност на домашен терен има подобро пласираната екипа.

Следниот, евентуален, натпревар од полуфиналната серија, ќе се одигра на 19.мај.2021 (среда).

Финалната серија се игра во три добиени натпревари. Предност на домашен терен има подобро пласираната екипа.

Доколку во полуфиналната серија има втор натпревар, финалната серија ќе започне на 22.мај.2021 (сабота).

Во спротивно, серијата ќе започне на 19.мај.2021 (среда).

Термини за финалната серија се:

19.05.2021 (среда)

22.05.2021 (сабота)

26.05.2021 (среда)

29.05.2021 (сабота) – ако биде потребно

02.06.2021 (среда) – ако биде потребно

или

22.05.2021 (сабота)

26.05.2021 (среда)

29.05.2021 (сабота)

02.06.2021 (среда) – ако биде потребно

05.06.2021 (сабота) – ако биде потребно