По одигрувањето на заостанатиот натпревар (од 8.коло) помеѓу екипите на Работнички и Бадел 1862, комплетирана е табелата во групата Запад од натпреварите на Првата лига-жени.
А со убедливиот триумф над директниот конкурент (69:43), кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа и до 12. победа во првата фаза која ги поставува на првото место во поваа група. Со максимален ефект (12 од 12), пред екипите на Работнички и Струга 2009 која исто така обезбедува пласман во Суперлигата.
На дуелот во СРЦ „Кале“ пресудна беше последната четвртина која „баделки“ ја добија со (28:7) со која го скршија отпорот на домашната екипа.
Најефикасни во победничката екипа беа Димова со 21 и Стојановска со 20 поени. Додека во редовите на ЖКК Работнички, тоа беше Муса, стрелец на 22 поени.