14.10.2022

Фаворитите влегуваат во новите прволигашки предизвици со доста изменети состави

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Бадел 1862 го брани трофејот, конкуренцијата доста изедначена

Овој викенд стартуваат возбудувањата и во женскиот сениорски сегмент. Без промени во систенот за натпреварување, барем во распоредот на силите, односно поделбата во две квалитетни групи.

Исто како и лани, во Првата „А“ лига ќе се натпреваруваат осум екипи, а новитет во ова „друштво“ ќе биде екипата на Гризли која лани, во улога на дебитант, стигна до првата „осумка“.

Екипата на Бадел 1862 ќе го брани трофејот освоен во минатогодишниот шампионат. Но извесно е дека во одбраната на шампионскиот пехар „баделки“ влегуваат сериозни хендикепирани. Односно без водечките кошаркарки кои беа и најзаслужни што титулата се врати во нивна сопственост.

Тоа стана јасно и по одигрувањето на првиот официјален натпревар, оној во Суперкупот, каде исто така видно изменетиот тим на Баскет Кам 2011 го освои првиот трофеј во сезоната, макар и во една неизвесна завршница.

Сериозни промени во ростерот направи и екипата од Македонска Каменица, па можеби тука се отвора шанса и за некоја друга екипа да се вмеша во трката за првите позиции на табелата кои водат ко доигрувањето за титулата.

Пред се за екипата на Вардар, во чии редови се доста поискусни кошакарки како Јелена Антиќ, Едина Муса, Симона Деловска. Скоро исто ростер има и екипата на Крива Паланка, сега со една година поискусни кошаркарки...

По подолго време, барем во првиот дел, екипите ќе бидат во најголем дел „домашни“, без странски засилувања, што исто така ќе има влијание во распоредот на позициите пред почетокот на втората фаза.

Тоа само ги намалува оние квалитативни разлики помеѓу екипите од „горниот“ и „долниот“ дел од проектираната табела.

За место меѓу најдобрите одново ќе се борат осум екипи, во конкуренцијата која се натпреваруваше и во минатата сезона, влегуваат екипите на Пониква од Кочани, и Спорт тим од Неготино.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

ПРВА „А“ ЛИГА

ДВОЈКИ 1. КОЛО

15.ОКТОМВРИ (САБОТА):

12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

14.00: Пробаскет – Бадел 1862

Сала „Партизан“ – Кавадарци

15.00: Гризли - Баскет Кам 2011

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

18.30: Вардар - Струга 2009

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ПРВА „Б“ ЛИГА

16.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

14.00: Патриот – Риниа

Сала „Методија Митевски-Брицо“ – Делчево

14.30: Шкупи – Спорт Тим

Сала „Иван Хаџи Николов“ - Скопје

00.00: Пониква – Пелистер

Сала „Љупчо Сантов“ - Кочани

18.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК):

19.00: Куманово – Јан Бор

Сала „Перо Наков“ – Куманово

Гостивар - слободен