20.01.2023

Овој викенд продолжуваат натпреварите и во женскиот сениорски сегмент

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам 2011 со минимална предност во вториот круг

Заврши зимската пауза и за екипите кои се дел од женските сениорски натпреварувања, односно Првата „А“ и Првата „Б“лига.

Овој викенд ќе се играат натпреварите од 9. коло кај „најдобрите осум“, односно 11. коло во групата на девет екипи кои бараат место во „елитните осум“.

Лидерот на табелата, екипата на Баскет Кам 2011, се чини дека има најлесна работа од фаворитите, затоа што утре попладне (од 14.часот) оди на гости во Кавадарци, и игра против екипата на Пробаскет, единствената која засега е без победа во најквалитетното женско натпреварување.

„Двојна програма“ ќе има во салата „Независна Македонија“. Од 17.часот, во салата во Кисела Вода ќе истрчаат кошаркарките на Бадел 1862 и на Крива Паланка, а нешто подоцна, од 19.30 часот, се игра дуелот помеѓу екипите на Гризли и на Струга 2009.

Во терминот од 18.часот, „Под Кале“, екипата на Вардар е во улога на домаќин на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Потсетување, по осумте одиграни кола во првиот дел, екипата на Баскет Кам 2011 е единствената со максимален ефект, односно осум победи во истто толку мечеви, или една повеќе во однос на Вардар.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 9. КОЛО

21.ЈАНУАРИ (САБОТА)

14.00: Пробаскет – Баскет Кам 2011

Сала ДТВ „Партизан“ – Кавадарци

ЛИНК: https://youtu.be/EVbozVPYIpU

17.00: Бадел 1862 – Крива Паланка

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

18.00: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/kBPOjNv-9q8

19.30: Гризли – Струга 2009

Сала „Независна Македонија “ - Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/VZGC958W9Lw

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 16, Вардар 15, Бадел 1862 12, Крива Паланка 12, МЗТ Скопје Аеродром 11, Струга 2009 11, Гризли 10, Пробаскет 8;

 

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 11. КОЛО

21.ЈАНУАРИ (САБОТА)

12.00: Јанбор – Гостивар

Сала ДТВ „Партизан“ – Кавадарци

15.00: Патриот  - Куманово

Сала „М.Митевски-Брицо“ – Делчево

22.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА)

13.00: Шкупи – Риниа

Сала „И. Хаџи Николов“ – Скопје

25. ЈАНУАРИ (СРЕДА)

19.00: Пониква 2022 – Спорт тим

Сала „Сашо Лазаров“ – Кочани

ТАБЕЛА: Шкупи 178, Патриот 2016 17, Јанбор 16, Гостивар 2009 14, Пелистер 13, Пониква 2022 12, Куманово 2020 10, Риниа 10, Спорт тим 9;