Екипите кои важат како фаворити за висок пласман, стигнаа до лесни и убедливи победи во вториот круг од Првата „А“ лига во женска конкуренција.
Бранителот на шампионската титула, Баскет кам 2011 во нешто подоцнежен термин (поради обрски на неколку кошаркарки на меѓународниот тренерски камп во Истанбул), стигна до плус 30 (81:51) во дуелот со дебитантот во оваа конкуренција, Патриот 2016.
Уште поубедлив настап, на домашен терен, имаа и кошаркарките на Крива Паланка кои славеа со повеќе од убедливи (117:45), и се единствените две екипи со максимален ефект по двете одиграни кола.
Од наредното, во оваа конкуренција нема да биде екипата на Куманово Гризли која поради втор службен пораз е исклучена од понатамошното натпреварување.
Во ова коло до својата прва победа во првенството дојдоа кошаркарките на Бадел 1862 кои беа подобри од МЗТ Скопје, условно како „гости“ во салата „Независна Македонија“ со резултат (73:64).
Максимален ефект во Првата „Б“ лига исто така, имаат две екипи, и двете од „езерскиот“ регион.
Струга 2009 беше подобра од Спорт тим (52:48) додека многу помали проблеми за да дојде до победата броој 2, имаа кошаркарките на Охрид во дуелот со екипата на Гостивар 2009 во кој славеа со убедливи (76:48).
ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Бадел 1862 64:73
Крива Паланка – Пробаскет 117:45
Куманово-Гризли – Вардар 0:20сл.
Баскет Кам 2011 – Патриот 2016 81:51
ТАБЕЛА: Крива Паланка 4, Баскет кам 2011 4, Бадел 1862 3, Вардар 2 (-1), Патриот 2, Пробаскет 2, МЗТ Скопје Аеродром 1 (-1);
ИДНО КОЛО (26.10)
Вардар – Крива Паланка
Патриот 2016 – МЗТ Скопје Аеродром
Пробаскет – Баскет кам 2011
Бадел 1862 – слободен
ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО
Охрид – Гостивар 2009 76:48
Шкупи – Јан Бор 85:32
Струга 2009 – Спорт тим 52:48
Пониква 2022 – Риниа 47:67
ТАБЕЛА: Охрид 4, Струга 2009 4, Шкупи 3, Спорт тим 3, Риниа 3, Јан Бор 3, Гостивар 2009 2, Пониква 2022 1 (-1)
ИДНО КОЛО (26.10)
Јан Бор – Струга 2009
Спорт тим - Охрид
Риниа – Шкупи
Гостивар 2009 – Пониква 2022