08.03.2024

Неполни седум дена по натпреварот во финалето од Купот на Македонија, екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Баскет кам ќе одиграат уште еден...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам и МЗТ Скопје го „репризираат“ куп-финалето

Сега во рамките на третото коло од „оролоџото“. Промената е само местото на одигрување на оваа средба, ќе се игра во недела, од 12. часот, во салата „Независна Македонија“.

Актуелниот првак има големи три бода предност во однос на МЗТ Скопје и Вардар, па со евентуален нов успех, извесно е дека на неколку кола пред крајот на оваа фаза, ќе ја обезбеди првата стартна позиција.

Победа на екипата од Аеродром пак ќе значи и шанса за задржување на позицијата број 2, која носи полесен пат до финалето на плеј-офот.

Интересен натпревар се очекува да се одигра и во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка. Во сабота, од 18.часот, домашната екипа го пречекува Бадел 1862  со амбиции да додје до двата бода кои ги оставаат во натпреварувањето за 4. место на табелата кое во овој момент му припаѓа на Куманово-Гризли, која во недела (19.15 часот) е домаќин на кавадаречки Пробаскет.  

Вардар и Струга 2009 својот натпревар од ова коло ќе го одиграат на 9. март (сабота), од 12.часот.

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ – „ОРОЛОЏО“

ДВОЈКИ 3.КОЛО

9. МАРТ (САБОТА)

12.00: Вардар - Струга 2009

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SvdsV3kdlCg?si=oVA_zQwoflQsuQVC

18.00: Крива Паланка - Бадел 1862

Сала „Бранители 2001“ – Крива Паланка

10. МАРТ (НЕДЕЛА)

12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Баскет кам

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xoK1MzdvZP4?si=CwoG09GJ1s8oKFn5

19.15: Куманово-Гризли – Пробаскет

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/mOUrI-TaIlg?si=YMreFC0N_kI70OOM

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 30, Вардар 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Куманово-Гризли 25, Крива Паланка 24, Бадел 1862 22, Пробаскет 21, Струга 2009 16;

ПРВА „Б“ ЛИГА-ЖЕНИ

ДВОЈКИ 14.КОЛО

9.МАРТ (САБОТА)

12.00: Шкупи – Тим Арена

Сала „Зеф Љуш Марку“ - Скопје

14.00: Спорт тим - Гостивар 2009

Сала „Младост“  Неготино

10. МАРТ (НЕДЕЛА)

14.30: Риниа – Охрид

Сала „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Куманово

17.00: Пониква 2022 – Спорт тим

Сала „Сашо Лазаров“ - Кочани           

Јан Бор - слободен

ТАБЕЛА: Тим Арена 22, Шкупи 21, Патриот 2016 21, Охрид 19, Гостивар 2009 18, Јан Бор 16, Риниа 13, Спорт тим 13, Пониква 2022 12;