22.10.2023

До првата победа во шампионатот, дојда и кошаркарките на Крива Паланка, кумановки го изненадија МЗТ Скопје во Аеродром

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам и Вардар го држат победничкиот чекор

ФОТО: Екипата на Крива Паланка беше многу подобра од подмладениот состав на Бадел 1862

Две екипи по три одиграни кола важат како непобедливи во Првата лига-жени.

Шампионот Баскет Кам 2011 и Вардар го задржаа максималниот ефект, додека пак МЗТ Скопје Аеродром изненадувачки, загуби во дуелот со екипата на Куманово-Гризли.

По релативно изедначеното прво полувреме во Кавадарци (33:38), екипата од Македонска Каменица го скрши отпорот на жилавиот противник во вторите 20.минути. На крај и повеќе од убедливо делува победата на бранителот на титулата (94:65).

Репрезентативниот „трилинг“, Кметовска-Димова-Тасевска искомбинира дури 75, од крајните 95. поени за победничката екипа. Во онаа поразената пак, Јовановиќ реализираше 15, Стоева имаше 12, а Бошкова уште десет поени.

Многу важна победа реализира и екипата од Куманово, која му го нанесе и првиот пораз на МЗТ Скопје. Во Аеродром кумановки „излегоа“ како победници (74:68), па сега имаат скор (2-1) исто како и нивниот ривал.

До првата победа во првенството дојдоа и кошаркарите на Крива Паланка, кои полесно од очекувањата го совладаа Бадел 1862. На крајот сето тоа делува и убедливо (77:49).

Максимален ефект по три одиграни кола, има уште и екипата на Вардар, која пред своите гледачим „Под Кале“, немаше проблеми во дуелот со Струга 2009 (91:55).

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Вардар – Струга 2009     91:55

Крива Паланка – Бадел 1862   77:49

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово-Гризли 68:74

Пробаскет – Баскет Кам 2011  65:94

ТАБЕЛА: Баскет Кам 2011 6, Вардар 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Куманово-Гризли 5, Крива Паланка 4, Пробаскет 4, Бадел 1862 3, Струга 2009 3;

ИДНО КОЛО (28.10)

Баскет Кам 2011 – Бадел 1862

Пробаскет – Вардар

Куманово-Гризли – Крива Паланка

Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром