ФОТО: Екипите на Баскет Кам и на Вардар ќе играат во првата полуфинална серија од плеј-офот
Екипите на Баскет Кам 2011 и на Вардар се првите две кои обезбедија пласман во следната, полуфинална фаза од плеј-офот во женска сениорска конкуренција.
Актуелниот бранител на титулата без никакви проблеми го доби и вториот меч од серијата против екипата на Пробаскет. Беа убедливи и на гостувањето во Кавадарци, славеа со (93:55) и со максимални (2-0) ја затворија серијата.
Противник во полуфиналето ќе им биде екипата на Вардар.
„Вардарки“ беа доминатни и на вториот натпревар од серијата против МЗТ Скопје Аеродром, победија со (92:47), за експресен пласман во првата „четворка“.
Денеска на програмата се вторите натпревари од четвртфиналните серии помеѓу екипите на Бадел 1862 и Гризли Баскет, односно Крива Паланка и Струга 2009.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
Пробаскет - БАСКЕТ КАМ 2011 55:93 52:89 (0-2)
МЗТ Скопје Аеродром – ВАРДАР 47:92 34:82 (0-2)
ДЕНЕСКА:
19.00: Гризли Баскет - Бадел 1862 48:91 (0-1)
20.00: Струга 2009 - Крива Паланка 66:84 (0-1)