07.03.2024

Во заостанатиот натпревар од второто коло од „Оролоџото“, актуелниот првак за нијанса подобар од Вардар (68:63)

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет кам на три чекори пред конкуренцијата

Кошаркарките на Баскет кам ја продолжија победничката серија и во првенствените натпревари.

По освојувањето на националниот Куп, девојките од Македонска Каменица им се вратија и на прволигашките обврски. И во заостанатиот натпревар од второто коло од „Оролоџото“; на свој терен беа подобри од екипата на Вардар со конечни (68:63).   

Гостинките од скопје го добија првиот период од играта со (15:11), домашниот тим се врати во вториот, и на полувреме се стекна со предност од (36:32),

Слично се одвиваа работите и во второто полувреме. „Вардарки“ го добија третито дел (19:17), но решавачката четвртина му прадна на Баскет кам, за конечни (68:63).

Комплетната прва петорка на екипата која ја предводи тренерот Жаклина Стојановска, заврши како „двоцифрена“. Најмногу, 17 поени, даде Адамоска, Димова имаше 15, Кметовска 12, а Поп Димитровска и Николов по 11.

На другата страна, Матие, беше прва на листата на стрелците, реализираше 23. поени.

По комплетирањето на ова коло, актуелниот бранител на шампионскиот трофеј има ефект (14-2), и има предност од три поени во однос на првите пратители, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром (ефект 11-5).  

ПРВА „А“ ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО – „ОРОЛОЏО“

Баскет Кам 2011 – Вардар        68:63

Струга 2009 – Куманово-Гризли         54:84

Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром 79:84

Пробаскет – Крива Паланка     79:83

ТАБЕЛА: Баскет кам 2011 30, Вардар 27, МЗТ Скопје Аеродром 27, Куманово-Гризли 25, Крива Паланка 24, Бадел 1862 22, Пробаскет 21, Струга 2009 16;

ИДНО КОЛО (09.03)

Вардар – Струга 2009

МЗТ Скопје Аеродром – Баскет кам 2011

Крива Паланка – Бадел 1862

Куманово-гризли - Пробаскет